Uncategorized

Руски ракетен напад ја оштети македонската амбасада во Киев

Во руски ракетен напад врз Киев погодена е амбасадата на Македонија во Украина, при што нема човечки жртви меѓу дипломатскиот персонал, но причинета е материјална штета, информираше денеска македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија.

Амбасадата на Македонија е една од шесте амбасади, меѓу кои и на земји-членки на ЕУ, сместени во зградата погодена во денешниот ракетниот напад врз критична инфраструктура во Голосеевскиот реон во Киев. Од МНР информираат дека од страна на надлежните служби извршен е првичен преглед на штетата и оти се работи на нејзино санирање.

Нападот врз Киев се случил рано наутро при што загинало едно лице, а повредени се 12. Нападот го оневмозжил системот за затоплувањето на 630 станбени згради, 16 болници и 30 училишта и градинки. Со нападот оштетени се 20 административни висококатници, како и на католичката црква „Св. Никола“ во центарот на Киев и Националниот јазичен универизтет.

Русија извести дека нападот е одговор на украинскиот напад врз руска хемиска фабрика со употреба на ракети од американско производство и оти целта биле објекти на воената индустрија и безбедносните служби на Украина.

Украинското воено воздухопловство информираше дека во нападот пресретнале пет балистички ракети со краток домет.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Првиот човек на НАТО го испофали Трамп во серија приватни пораки кои ги објави американскиот претседател

Дејан Дејан

Можеби ќе нападнеме, можеби не, никој не знае што ќе направам – Трамп за можен напад на САД врз Иран

Дејан Дејан

ОН предупредува на зголемување на жариштата на глад во светот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе