Вести Економија Македонија Топ вести

ЕСМ се откажува од барок, распаднатиот голубарник ќе го менува со модерна фасада

ЕСМ повторно ќе го враќа модерниот изглед и ќе го симне тажниот стиропор од неуспешниот барок. Во зависност од тоа со колку пари ќе располага од компанијата, идната година планираат преку оглас да соберат предлози за нов модерен, а не барокен изглед на зградата која долго време е без прозорци и фасада. Но, се ќе зависи од финансиските можности на компанијата која веќе подолго време не е во најдобра состојба.

„Во зависност од финансиските можности на компанијата се разгледува можноста за целосна реконструкција (надворешна и внатрешна) на зградата во 2025 година преку конкурс. Освен изведувач, ќе се бара решение за изведба на модерна енергетска фасада“, пишува во дописот од ЕСМ.

Од компанијата посочуваат и дека во моментов работат без репрезентативен простор, а вработените со години функционираат во отежнати услови.

Домашните архитекти сметаат дека, освен што е лоша слика за околината, полошо е тоа што луѓето внатре немаат основни услови за работа. Сметаат дека треба комплетно да се менува се, а не да се доработува веќе започнатото.

„Ваквите објекти во 21 век веќе не трпат, не знам, декорации, квази барок. Она што се случува сега, ние имаме луѓе вработени кои работат на градилиште и по мое мислење тоа треба да се извади, да се сруши таа полуфасада и да се врати да се направи современа, со најсовремени карактеристики, енергетска ефикасност и да се врати стакло алуминиум. Материјалите треба да добијат своја завршна обработка ова се сега полуфабрикати градежни“, вели за Телма, архитектот Мишко Ралев.

Речиси 10 години оваа зграда е една тажна слика во центарот на градот, а гулабите главни колеги на околу 300 вработени во ЕСМ. И за минувачите глетката е катастрофална.

Се почна во 2014 година кога во Скопје атрактивен стана барокниот стил. Дојде ред и на зградата на ЕСМ и ЕВН да се промени ликот. Во тој период двете компании беа под ист покрив. Планот бил да се направи нова фасада – барокна, наместо онаа која за многумина беше модерна со стакла.

Според информациите од ЕСМ, новиот изглед требало да чини околу четири милиони евра. Носител бил ЕВН АД Скопје. Сумата требало, по половина, заедно да ја платат ЕСМ и ЕВН.

Целиот овој процес требало да заврши до септември 2014 година, но и по 10 години од тогаш ништо не е готово. Според објаснувањето од енергетските компании изградбата ја правел „Бетон“ Скопје. Во 2016 година во зградата изби пожар кој зафати неколку ката. Образложението е дека фирмата не користела огноотпорен материјал по што ЕВН го раскинале договорот со нив.

Од тогаш, па до денеска, не се преземени никакви активности. Но, сега, за разлика од порано, ЕСМ ќе мора сам да делува. ЕВН веќе извесен период функционира во друга зграда и сопственоста е целосно на електрани. Вработените од ЕСМ се надеваа дека ќе бидат преместени во новиот објект кој се правеше токму за нив, но тој стана дом на новото Министерство за енергетика.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Апасиев: Левица ќе го блокира Изборниот законик, консензус не е постигнат за пет клучни прашања

Igor Trajkov

Се помалку време за пронаоѓање преживеани во земјотресот во Венецуела

Дејан Дејан

Мицкоски лично го води процесот за следење на цените и потрошувачката кошница, анализира над 600 производи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе