Вести Економија Македонија

УЈП со предупредување за должниците: „Платете го долгот за октомври за да не бидете блокирани“

Управата за јавни приходи ги повикува даночните обврзници кои не го платиле долгот по основ на ДДВ за октомври да го сторат тоа во најкраток можен рок, за да не се соочат со мерки на опомена и блокирање на трансакциските сметки.

Според обработката на ДДВ пријавите, вкупниот износ на ДДВ долгот за октомври изнесува 2,99 милијарди денари, пријавени од страна на 3.949 даночни обврзници.

– Согласно анализата, останатите 1. 198 даночни обврзници кои не ја исполниле својата обврска, ги повикуваме да ја платат својата даночна обврска без одложување со  вкупен износ  од 758,6 милиони денари. За секој ден задоцнето плаќање, согласно законот ќе се пресметува камата од 0,03 проценти од преостанатиот долг. Даночните обврзници кои и по овој повик нема да ја уплатат својата обврска по основ на ДДВ, од 3 декември преку порака ќе добијат опомена, ако и по таа мерка не го платат долгот, веќе  од 23 декември ќе се започне и со  мерки за блокирање на нивните трансакциски сметки, велат од УЈП.

Законскиот рок за плаќање на оваа обврска беше до 25 ноември.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со бројни антологиски хитови остави неизбришлива трага во современата македонска музика – реакции по смртта на Владо Јаневски

Дејан Дејан

Загинаа пет почетници скокачи, пет инструктори и пилотот – авионот имал дефект паднал вертикално

Дејан Дејан

Ја задушил а потоа тврдел дека му се јавила во сон и му кажала каде да оди да ја спаси – обвинителството бара притвор за мажот кој два дена го криеше телото на сопругата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе