Вести Економија

Бочварски: Нема јасна методологија како ќе се распределуваат средства за стопанството од унгарскиот кредит

Чувството кај јавноста е дека правиме еден чекор напред па два назад, порача пратеникот и поранешен министер за транспорт Благој Бочварски во вечерашната Топ Тема на Телма, критикувајќи ја владата за унгарскиот кредит.

Тој го повтори партискиот став дека одлуката за земање на кредитот била избрзана, критериумите и начинот на кој парите ќе бидат распределени сѐ уште се непознати.

Прво се зема кредит, потоа се размислува под кои услови ќе се дава, прво се зема кредит па потоа се мисли колку ќе земат провизија банките од тој кредит за фирмите, па се преговара и се создаваат одредени нервози и тоа цело време се комуницира во јавноста и се потврдува дека беше избрзано тоа решение. Можеше кредитот да се земе и малку подоцна, значи 3,25 државата ќе плаќа кон банката која што е земен кредитот а од друга страна компаниите ќе плаќаат 1,95. Сега се анулираат овие 3,25 и не се дискутираат, значи сега се дискутира само колку компаниите ќе плаќаат на банките за подигање на тој кредит, рече бочварски.

Можеше овој кредит, продолжи тој, процедурата да се спроведе како што треба, преку Министерството за финансии и да биде дискутиран во Собранието, и на тој начин можеби и опозицијата ќе дала поддршка.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски тврди дека во Македонија досега немало поповолен кредит за стопанството од овој што сега владата го обезбеди, и ги отфрла критиките дека воопшто немало дебата за него.

Овој кредит се разговараше цело време со оние за коишто е наменет,  тоа е бизнис заедницата и стопанските комори. Се работи за инвестиции во основни средства за работа, енергетско ефикасни објекти, така што прецизните критериуми веднаш штом ќе бидат договорени ќе бидат објавени и јавно достапни. Мора да се каже дека е многу поволен кредит во рамки на сегашниот пазар, и во регионот нема ваква каматна стапка. Ќе добиеме 300 милиони евра инвестициски циклус, ќе добиеме нови работни места и зголемена економска активност која што ќе помогне во она што сме го проектирале во буџетот а тоа е раст на економијата, рече петрушевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Голем пожар се шири на хрватскиот остров Вис

Дејан Дејан

Блокиран e главниот приод кон аеродрoмот поради сообраќајна несреќа

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчи за дипломатскиот преседан кој го направи Бугарија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе