Вести Економија

Откупот на тутунот ќе се интензивира, но откупувачите молчат за повисоки цени

Да се интензивира откупот на тутунот и со анекс во договорите да се зголеми откупната цена и просечно да изнесува околу 420 денари, побара Сојузот на тутунските здруженија на средбата со откупувачите во земјава.

Според Кире Ристески, претседател на Сојузот, откупот од утре ќе се интензивира, но откупувачите молчат на барањето за зголемување на цената.

Од утре веќе 50 отсто од откупните пунктови во земјава ќе бидат отворени и ќе се интензивира откупот на тутунот. Засега, не се знае само кога Прилепскиот тутунски комбинат ќе го почне откупот. На средбата, на откупувачите им го поставивме барањето за зголемување на цената во просек да изнесува 420 денари, но откупувачите мудро молчат и не се изјаснуваат. Ние не се откажуваме од барањето со анекс на договорите да се зголеми цената, но како што стојат работите, тоа ќе ја отежни откупната кампања, изјави Ристески.

Од 18 ноември досега се откупени околу 20 тони тутун по просечна цена од околу 370 денари за килограм.

На откупувачите им нагласивме дека се во заблуда да очекуваат над 20.000 тони тутун од реколтата, зашто реално родот е околу 16.000 тони. Ние остануваме на барањето за повисоки цени. Инаку, како предлог имаме доставено до Секторската подгрупа при Министерството за земјоделство да се има предвид можноста во наредниот период да има пренамена на површините со други култури и нивно субвенционирање. Со тоа откупувачите ќе загубат, а ние како производители може да продолжиме со производство, но на други култури, рече Ристески.

Тој нагласи дека како Сојуз го имаат доставено предлогот до потсекторската група и годинава линеарното субвенционирање да биде100 денари.

Од министерот за земјоделство имаме поддршка и за секој проблем што би се појавил во текот на откупната кампања може да се обратиме за да се најдат решенија, нагласи Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунските здруженија. 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Голем пожар се шири на хрватскиот остров Вис

Дејан Дејан

Блокиран e главниот приод кон аеродрoмот поради сообраќајна несреќа

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчи за дипломатскиот преседан кој го направи Бугарија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе