Вести Економија Македонија Најважни

ЕСМ купува струја за 10 милиони евра

Нова милионска набавка на струја. За само две недели ЕСМ ќе плати над 10 милиони евра на неколку трговци со струја за да обезбеди електрична енергија за целосно покривање на потребите. Вкупно на тендери за набавка на струја од 1 септември заклучно со крајот на ноември ЕСМ плати речиси 20 милиони евра.

Парите одат во џебот на четири фирми- ГЕНИ  Продажба на Енергија ДООЕЛ, ЕТМТ Енерџи ДООЕЛ, Инфинит Енерџи ДООЕЛ Скопје, ХСЕ МАК  Енерџи ДООЕЛ. Најмногу ќе заработи ХСЕ МАК Енерџи ДООЕЛ  околу 4, 4 милиони евра.

Количините се за до крајот на месецов. Изминатиов период имаше доста милионски набавки,а новото раководство ја продолжи праксата од нивните претходници. Набавките се прават генерално за период од две недели.

За да има непречено снабдување во октомври, ЕСМ купи 45.600 мегавати струја на отворениот пазар за сума од 4,2 милиони евра додека во септември за набавка на 42.300 мегавати електрична енергија беа платени таа сума изнесуваше 5,4 милиони евра

На крајот на минатата недела ЕСМ требаше да достави и нова понуда за ценана на својот мегават но на барање на понудувачите тендерот се одложи за крајот на месецов односно за 28 ноември.

Другите енергетски фирми кои ги доставија барањата до регулаторите бараат поскапување на својата услуга од 50 до 80 отсто, но за првиот регулатор Бислимовски ова е неприфатливо.

Од друга страна премиерот откако неколку пати рече дека струјата нема да поскапи, последно соопшти ако дојде до тоа ќе биде минимално до 3 отсто. Без разлика на ваквите набавки, состојбата во ЕСМ и со домашните енергетски капацитети, тој не очекува големо поскапување и смета дека новата понуда за цената на струјата за домаќинствата од ЕСМ  ќе се движи помеѓу 58 и 62 евра.

Откако министерката за финансии Димитриеска Кочоска најави дека државата нема да му помага на ЕСМ со субвенции, државатана фрима подигна кредит во висина од 80 милиони евра од една домашна комерцијална банка.

Новата цена за преносот и дистрибуцијата треба да се донесе до крајот на месецов, а на струјата до крајот на годинава и да важи од први јануари.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Голем пожар се шири на хрватскиот остров Вис

Дејан Дејан

Блокиран e главниот приод кон аеродрoмот поради сообраќајна несреќа

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчи за дипломатскиот преседан кој го направи Бугарија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе