Вести Македонија

И директорот на македонските затвори Пандов се збогати со растот на крипто-валутите по победата на Трамп

Победата на Трамп предизвика раст на американските берзи, на доларот, но и на крипто валутите. Најпознатата крипто валута биткоин порасна за 39% во однос на јуни, а вчера достигна рекордна вредност од историјата од 89.000 долари.

Оние што имаат биткоини може да слават и треба да почестат. Еден меѓу нив е и македонски функционер, директорот на затворската Управа за извршување на санкции, Александар Пандов.

Тој во имотниот лист доставен до ДКСК пријавил дека има 10 биткоини, а во време на пријавувањето ги проценил на 600.000 евра односно 60 илјади евра (63,7 илјади долари) по парче.

Но според новата цена по американските избори, сега неговите 10 биткоини вредат повеќе и според берзанската цена, Пандов во дигиталната валута има 89.000 долари (околу 83.840 евра). Заработката на директорот на македонските затвори од биткоини за помалку од 5 месеци е 23.840 евра.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мајка од струшко ги оставала своите две малолетни деца да спијат во возилото додека била на работа

Дејан Дејан

Врачување на највисоките признанија на Струшките вечери на поезијата на манифестацијата „Мостови“

Дејан Дејан

Муцунски на Дубровник форум: Со новата легитимна влада во Софија постои можност за разговор за отворените прашања

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе