Од утре нема повеќе ограничување на маржата до 10 отсто на 73 производи кои се најдоа во т.н. „есенска потрошувачка кошничка“. Владата, синдикатите и граѓаните со различни оцени, дали и колкави ефекти даде едномесечното ограничување на маржата. За едните е успешна, за другите намалувањата биле со едноцифрени бројки и не заштедиле некој забележителна сума.
Граѓаните се во исчекување дали ќе следи нов скок на цените, а истото ќе го следи и министерството за економија кое најави дека доколку се случи тоа, ќе има поригорозни мерки.
Министерката за финансии децидна дека е против овој тип на мерки и не поддржува повторно активирање како што е најавено за во периодот кој следува.
Министерството за економија утре ќе ги презентира резултатите од есенската потрошувачка кошница и останува на најавите дека оваа мерка ќе ја има повторно за големите верски празници Божиќ, Велигден и Рамазан.
На стартот од мерката есенска потрошувачка кошница граѓаните се соочија со празни рафтови и намалена дистрибуција на дел од производите кои беа опфатени со мерката, а пазарните инспектори утврдија дека некои производи сè уште се продавале со маржи од 30, 40, па дури и 60 отсто. Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши потврди дека мерката не дала резултати кај лебот, млечните производи и маслото за готвење.
Според најавите и очекувањата на министерот Дурмиши, евентуално поевтинување на цените во текот на ноември, треба да донесе и Законот за забрана на нефер трговски практики кој веќе е на сила, но кој трговците некако успеаја да го заобиколат, бидејќи ќе ги истрошат залихите во магацините за кои тврдат дека постојат и ќе мора да набават нови количини но по правилата кои што се согласно новиот закон.
Огнен Чанчаревиќ
