Вести Економија Македонија Топ вести

Ниту трговците, ниту производителите не ја почитуваат мерката за ограничување на маржата

Мерката за ограничени маржи ги испрани рафтовите. Во некои маркети е забележано дека недостасуваат продукти кои се опфатени со одлуката.  Производители пак наместо со 10 продолжиле да работат со  маржи кои надминуваат  30 проценти. Ова за Телма го потврдија од пазарна. Бараат измени во законите за да може оние кои не ги почитуваат одлуките да бидат казнети поригорозно.

И покрај сите притисоци кои се прават ќе продолжиме да работиме и на крајот секој кој ја прекршил одлуката ќе биде јавно објавен од моја страна. Инспекторите се на терен, но сметам дека паричните казни од 7 до 10 илјади евра се мали со оглед на тоа што станува збор за големи ланци маркети со големи заработки. Уште пред една година побарав да има измени во законот за казните да бидат по ригорозни изјави Горан Трајковски- директор на ДПИ

Според, анализите на Бизнис мрежа, минатата година познат трговец остварил добивка од околу 10 милиони евра, кога исто така на сила беа мерки за ограничени маржи и цени.

За ваквата мерка и министерката за финансии Кочоска смеат дека не дава резултати и во иднина да не се применува. Одлуката е сложена и институциите немаат капацитет да проверуваат кој ја почитува.

Но и покрај ваквата сугестија од  министерството за економија во одговор за Телма велат дела  оваа одлука  со друг опфат на производи повторно ќе биде предложена до Владата. За нив мерката дава резултати.

Сметавме дека овој предлог односно оваа одлука е од важност за намалување на трошоците за домаќинствата посебно во периодите кога имаме зголемени трошоци како и во периоди на празници кога имаме  зголемување на цените изјавија од министерство за економија и труд

Паралелно на сила е и Законот за нефер трговија кои се очекува да стави крај на проблемите со цените. Но, и овој документ трговците го изигруваат.

Дел од добавувачите уште пред неколку дена за Телма потврдија дека големи трговци ги условуваат со откажување на нарачките на стока ако не се потпише договор по нивни услови, а не согласно новиот закон.

Дали се почитува овој закон се поизвесно е дека и тоа во моментов нема кој да го утврди.  Тоа е работа на Комисијата за заштита на конкуренцијата која до крајот на годинава само ќе опоменува, но прашање е и тоа како ќе го прави затоа што добавувачите немаат каде да ги пријават притисоците.

Ирена Чачкова

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Температури над 40 степени – Западна Европа гори под „топлотната купола“, расте бројот на смртни случаи

Дејан Дејан

Започна иденфикацијата на жртвите од земјотресот во Венецуела – бројот на загинати надмина 1.430 луѓе

Дејан Дејан

Возеле во спротивен правец на автопатот Гостивар-Тетово – двајца приведени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе