Вести Економија Најважни

РЕК Битола не работи, сите три блока се надвор од мрежа

РЕК Битола, најголемиот производотел на струја  од ноќеска на полноќ не работи. Ова за Телма го потврдија и од комбинатот и повеќе информации најавија за во текот на денот.

Инаку, ЕСМ веќе купи струја за до средината на октомври. Во последно време се направија неколку набавки за да се покријат потребите.

Со оглед на тоа дека доаѓа зимата кога и потрошувачката се зголемува, планот е набавките да се прават на подолг временски период од неколку месци. Ова го соопшти министерката за енерегетика Божиновска и рече дека најверојатно за да се итуркаaт зимските месеци ќе се бараат кредити од домашните банки за да се обезбедат пари за да може да се купуваат потребните количини.

Ова не е прв пат РЕК Битола целосно да биде надвор од мрежа. Претходно поради проблеми со далновод на Мепсо често се случуваше централата да не работи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Агелер за ставањето на Груби и Беџети на црната листа на САД: Политичкото мешање во судството не смее да се толерира

Дејан Дејан

Артан Груби и Енвер Беџети на црната листа на Стејт департментот – земале мито за судските процеси на Сашо Мијалков

Дејан Дејан

Ахмети побара од Уставниот суд да ги отфрли иницијативите за Законот за јазици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе