Вести Економија Топ вести

Нов кризен месец, ЕСМ повторно купи струја за над 4 милиони евра, количините се за следните две недели

ЕСМ повторено потроши над 4 милиони евра за набавка на струја и тоа за период од само две недели. Се бараaт 45. 600 мегават часови електрична енергија. Милионите ќе завршат во касата на пет фирми трговци со струја.

Најмногу ќе се офајди односно половина од вкупната сума ќе оди во џебот на компанијата ГЕНИ, ПРОДАЖБА НА ЕНЕРГИЈА ДООЕЛ, на која ЕСМ за купената струја ќе и плати речиси 2 милиони евра.

Останатите пари ќе ги поделат  други четири трговци. Oд ЕСМ за Телма тврдат дека набавките биле планирани.

  • Набавката на електрична енергија, ќе му овозможи на ЕСМ АД да ги реализира плановите за подобрување на затекнатата состојба во рудниците и хидроакумулациите, како и да се извршат потребни сервисни активности на дел од постројките. Со тоа ќе се овозможи континуирано производство на електрична енергија во наредниот период, особено во текот на претстојната грејна сезона, пишува во одговорот од ЕСМ.

Ова не е прва набавка од 4 милиони евра. И претходно ЕСМ купи струја за оваа сума. Од резултатите од страницата на ЕСМ Продажба, може да се види дека за 45 дена односно за септмеври и половина октомври државните електрани вкупно за набавка на електрична енергија  потрошиле близу 10 милиони евра.

Само за споредба според извештајот на МЕПСО, ЕСМ во текот на целата мината година за набавка на струја потрошиле над 12 милиони евра, па по ова изгледа оваа сума годинава лесно ќе биде надмината.

Она што загрижува е тоа што следуваат поладни месеци во кои температурите можат да се спуштат длабоко под нулата, а потрошувачката расте.

Прогнозите на ХУДЕКС се дека цената за мегават во октомври ќе биде околу 90, a во  ноември и декември нешто над 100 евра. Во пикот на потрошувачката пак ќе достигне и до  135 евра за мегават.  ЕСМ се најде и на врвот на листата на загуби на министерството за финансии. Во вториот квартал годинава минусот во компанијата изнесува 27 милиони евра.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Температури над 40 степени – Западна Европа гори под „топлотната купола“, расте бројот на смртни случаи

Дејан Дејан

Започна иденфикацијата на жртвите од земјотресот во Венецуела – бројот на загинати надмина 1.430 луѓе

Дејан Дејан

Возеле во спротивен правец на автопатот Гостивар-Тетово – двајца приведени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе