Вести Економија Топ вести

Пропадна тендерот за пругата кон Бугарија

Пропадна тендерот за пругата кон Бугарија. Официјална одлука за ова нема, но министерот за транспорт Николовски  вчера во интервју на 360 степени соопшти дека ги повлекол членовите од Комисијата за евалуација, која всушност треба да ги разгледа понудите, па на тој начин повикот ќе пропадне.

Николовски во интервјуто зборува дека проектот е прескап, а всушност не станува збор за брза пруга. За него е чудно и тоа што на повикот не се пријавила ниту една германска или француска фирма. Понуда доставиле шест турски и една грчка компанија.

На тендерот се имаат пријавено шест турски фирми и една грчка фирма. Грчката фирма е 250 милиони евра поскапа од проценетата вредност, што доволно кажува колку е изводлив проектот. Останатите шест јас гарантирам дека немаат намера да градат, имаат намера да го земат авансот и да ги снема, изјави во интервју за 360 степени, минисетрот за транспорт и врски Александар Николовски. 

Тој призна дека ако тендерот пропадне и не се ретендерира по истите услови парите ќе пропаднат. Ова очигледно ќе се случи затоа што тој не се откажува од проектот но не под овие услови.

Со сличен став е и директорот на МЖ Инфраструктура Ивановски

Изградбата на пругата ќе трае подолго од автопатот Кичево- Охрид. Според нашите сознанија, бугарската страна нема воопшто направено проект за изградба на нивниот дел од тунелот кој е со должина од  над 2 километри, вели за Телма , Синиша Ивановски, директор на МЖ Инфраструктура.

За третата фаза од железничкиот коридор 8 од Крива Паланка до границата со Бугарија обезбедени се 560 милиони евра. 350 се од Европската банка за обнова и развој и од Европската инвестициска банка.

Преку инвестициската рамка за западен Балкан земен е грант од 150 милиони евра, а од ИПА 2 програма 60, 7 милиони евра.

Пред извесно време и премиерот Мицкоски рече дека нема намера да потроши толку пари за пруга која завршува во слепа улица и дека треба да се пренаменат за други работи. Но, според познавачите, а и според  министерката за финансии Кочоска  тоа не може да се случи. Единствено средствата може да се резервираат, а да се аплицира за нов заем коии би се искористил за други проекти.

Пругата кон Бугарија е децениски проект за кој постојано се зборува, но никако да се реализира.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Температури над 40 степени – Западна Европа гори под „топлотната купола“, расте бројот на смртни случаи

Дејан Дејан

Започна иденфикацијата на жртвите од земјотресот во Венецуела – бројот на загинати надмина 1.430 луѓе

Дејан Дејан

Возеле во спротивен правец на автопатот Гостивар-Тетово – двајца приведени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе