Вести Економија Македонија Топ вести

„Замрзнување“ на цените или ограничување на маржите – есенска потрошувачка кошничка со 100 производи ќе биде готова денеска

До денеска, според најавите од Министерството за економија и труд, треба да биде готова есенската потрошувачка кошница со 100 производи. Работната група, во која членуваат претставници од министерствата за економија, финансии и земјоделство, врз основа на направена симулација треба да донесе предлог – одлука дали ќе има замрзнување на цените или ќе се ограничат маржите од 5,10 и 15 проценти.

Предлогот, како што вчера најави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, ќе биде доставен до Владата наредната недела.

„Утре на крајот на денот, работната група ќе извести дали ќе се одлучи за замрзнување на цените или ограничување на маржите на 5, 10 или 15 проценти“, најави Дурмиши.

Освен есенска, според најавите на надлежните, ќе има и зимска, велигденска, рамазанска кошничка.

Стабилизирање на цените се очекува и со примената на Законот за нефер трговски практики кој треба да почне да се применува од 28 септември. Рабатот и дополнителните трошоци од листата на 2.548 тарифни броеви на земјоделски и прехранбени производи во трговија на мало и трговија на големо ќе бидат ограничени на 10 проценти.

Според министерот за економија и труд, Законот ќе стапи на сила до крајот на месецот, а фирмите имале период од шест месеци да ги усогласат цените.

Државниот завод за статистика измери дека во август инфлацијата бележи зголемување од 2,2 проценти на годишно ниво, а цените на мало се зголемени за три проценти.

Во однос на јули, се бележи зголемување на трошоците на животот во делот храна и безалкохолни пијалаци за 1,2 проценти, рекреација и култура за 1,1 проценти, здравје за 0,8 проценти, ресторани и хотели за 0,7 проценти, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,6 проценти, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата, комуникации за 0,5 проценти и алкохолни пијалаци и тутун за 0,1 процент.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Соколовска: неопходен е ентомолошки надзор за справување со комарците

Дејан Дејан

ВРЕДИ се пофали дека ги добива Правда од ЗНАМ и Kултура од ВМРО-ДПМНЕ, а го дава здравство- Димитриевски вели остануваме на две министерства

Дејан Дејан

Единаесет загинати падна цивилен авион во Франција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе