Вести Економија Свет

Затворање на фабрики, минус од пет милијарди евра, екс директор на суд – Фолксваген во голема финансиска криза

Фолксваген е во големи проблеми. Германскиот автомобилски гигант за првпат во 87-годишната историја се соочува со затворање на погони во земјата за да ги намали трошоците за производство и да ја амортизира финансиската криза што ја тресе компанијата.

Раководството на Фолксваген денеска се судри во вработените. Притоа беше нагласена потребата од преземање на „заедничка одговорност“ во обид да се свртат нештата во корист на компанијата.

„Веќе извесно време трошиме повеќе пари на брендот одошто заработуваме. На долг рок не е добро“, порача Арно Антлиц, финансиски директор на Фолксваген“ и главен оперативен директор пред вработените.

Годишната продажба на возила во Европа е драстично падната во споредба со годините пред пандемијата на ковид-19. Очекувањата што ги сподели со вработените се дека секоја година на европскиот пазар во иднина ќе се продаваат два милиона автомобили помалку во однос на периодот пред појавата на коронавирусот.

Антлиц проценува дека Фолксваген држи околу четвртина од европскиот пазарен удел, што значи дека падот се преведува со продажна на 500.000 возила помалку на годишно ниво. Тоа, пак, е еквивалент на комбинирана продажба што обично ја остваруваат две фабрики на компанијата.

Фолксваген верува дека неговиот договор за заштита на вработените, кој е на сила од 1994 година, и ја штити работната сила во Германија до 2029 година, можеби ќе мора да престане. Тоа ги подгреа шпекулациите за затворање на фабриките на Фолксваген во Оснабрик во Долна Саксонија и Дрезден во Саксонија. Последен пат компанијата затвори фабрика во 1988 година.

Минус од пет милијарди евра

Менаџментот на Фолксваген се реши за примена на голема програма за штедење до 2026 година и сака да ја укине гаранцијата за вработување на 110.000 работници за да се избори со минусот кој изнесува пет милијарди евра.

„Економското опркужување повторно се влоши, нови добавувачи доаѓаат во Европа. Покрај тоа, Германија посебно заостанува во конкурентноста. Ние, како компанија, мора да делуваме доследно во таквото опкружување“, соопшти извршниот директор на Фолксваген, Оливер Блум.

Намалувањето на бројот на вработени преку делумно пензионирање и отпремнини повеќе не е доволно, тврди раководството на компанијата.

Фолксваген во јули соопшти дека ја разгледа опцијата за затворање на фабриката за својот луксузен електричен модел во Брисел поради слабата побарувачка на врвни електрични автомобили.

Поранешниот директор на Фолксваген на суд поради измама

Поранешниот директор на Фолксваген групацијата, Мартин Винтеркорн (77) се појави на судење во Брауншвајг, поради обвинувања за измама и манипулација на пазарот. Тој е обвинет за измама во врска со корпоративен скандал околу употребата на Фолксваген на наместен софтвер кој овозможува на компјутерите во милиони автомобили да лажираат на тестовите за издувни гасови на посебен начин, стимулирајчи ја работата на моторите со што се прикриваат високи нивоа на штетни гасови.

Обвинителите велат дека Винтеркорн знаел за илегалниот софтвер, многу пред американската Агенција за заштита на животната средина објави прекршување во септември во 2015 година. Неколку дена подоцна, тој поднесе оставка. Рече дека за тоа разбрал непосредно пред соопштувањето и во текот на парничната постапка сведочеше дека наводите против него не се точни.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: Нема да одиме таму каде што сака да не поведе деструктивната опозиција

Дејан Дејан

Регулаторна добила убедување од ЕСМ дека наскоро ќе завршат работите на новиот топловод под мостот Беласица

Дејан Дејан

Раст на криминалните банди во Данска, регрутираат членови преку социјалните медиуми

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе