Цените во маркетите оставени на совеста на трговците. Изминатиов приод граѓаните се сведоци на нов бран поскапување кај речиси сите производи. До крајот на месецов трговците треба да се прилагодат на одредбите од Законот за нефер трговски практики, а над 2.600 производи да имаат маржи не поголеми од 10 отсто. Со тоа се очекува да се ублажи притисокот од ценовниот шок.
Но, според информациите од коморите дел од трговците веќе најавиле дека ќе ги опструираат овие одредби.
Сепак, мерки за намалување на притисокот за сега не се планираат, останува само апелот од премиерот до трговците колку може да ги спуштат профитните маржи. Оптимист и дека се ќе биде во ред.
И додека се чека дали ќе проработи совеста на трговците или пак ќе треба да се интервенира со други мерки, едно е сигурно – данокот на добивка од 10 ќе се намали на 5 отсто за оние со заработки од над 50 милиони евра.
Економистот Бранимир Јовановиќ предупреди дека со овој потег државата може да биде ставена на црната листа на ОЕЦД и ЕУ како земја која не соработува во даночните прашања.
Мицкоски пак е убеден дека нема да се случи тоа.
Во меѓувреме последните податоци на ССМ покачуваат дека на едно четиричлено семејство му се потребни над 1.000 евра да го истурка месецот.
Една минимална плата оди само за храна, но се уште виси прашањето дали минималецот ќе се зголеми на 450 евра или пак ќе остане меѓу најниските во регионот.
Ирена Чачкова
