Вести Економија Македонија Најважни

Замрзнување на цени нема, а прашање е дали маржите ќе се намалат до крајот на септември

Додека Црногорската и српската Влада планираат намалување на цените и на маржите за стотици производи, македонските власти само апелираат до трговците. Премиерот Христијан Мицкоски вчера ги повика трговците колку можат да ги намалат маржите, но пазарот е тој кој ги диктира цените.

Со Законот за нефер трговски практики кој беше усвоен од претходната Влада во март годинава маржата за над 2.500 продукти е ограничена на 10 отсто. Со овој закон до крајот на септември треба да се стави ред во цените на овошјето зеленчукот и прехранбените производи и да се спречи самоволието на трговците и добавувачите.

А цените на пазарите секојдневно растат, особено со наближувањето на сезоната на правење на зимници.  Домати, краставици и пиперки се од 100 до 130 денари, боранија 140 денари. Најевтините пиперки ајварки се продаваат по 80 денари за килограм.

Потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија, Горан Ѓорѓиевски за Телма вели дека никој од трговците досега не ги усогласил маржите согласно законот. Напротив, според него, се очекува и трговските ланци да се спротивстават.

„Имаше 6 месеци подготвителен период за спроведување на одредбите од Законот за нефер трговски практики. Но, од трговските ланци има најави дека ќе ги опструираат одредбите“ изјави Горан Ѓорѓиевски, потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија

Тој вели дека наредниот месец ќе треба производителите да седнат на маса со трговците за да ги регулираат договорите за откуп.

Законот за нефер трговски практики меѓу другото ја регулира и заработката. Ѓорѓиевски посочува и дека производителите досега имале само околу 2 отсто заработка за разлика од трговците кои имаат ќар од 20 до 30 отсто, а законот и на тоа сега треба да стави крај.

Законот содржи 26 нефер трговски практики, казните се до 20 илјади евра.

Последната пресметка на потрошувачката кошничка покажа дека на четиричлено семејство му се потребни над 1.000 евра месечно за основни трошоци. Од почетокот на годинава минималната потрошувачка кошница е зголемена за 4.600 денари. Најмногу пари, околу 22.000 одат само за храна и пијалоци. Државниот завод за статистика во јули измери инфлација од три проценти на годишно ниво, а просечната месечна исплатена нето-плата по вработен изнесува околу 41 илјада денари и со неа се полнат едвај 60-тина проценти од кошничката.

Марија Митевска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран изврши напади со беспилотни летала врз Бахреин и Кувајт – Трамп се заканува „САД ќе бидат принудени воено да ја завршат работата“

Дејан Дејан

Мајка од струшко ги оставала своите две малолетни деца да спијат во возилото додека била на работа

Дејан Дејан

Врачување на највисоките признанија на Струшките вечери на поезијата на манифестацијата „Мостови“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе