Вести Економија

Граѓаните се жалат на поскапување на цените – велат се повеќе се стега домашното ќесе

Живечката станува се поскапа, цените повисоки, а граѓаните посиромашни. Од месец во месец се повеќе се стега домашното ќесе.

Се купуваат неопходните намирници и тоа на парче, а поскапувањето на цените ја намалија посетеноста на скопските пазари.

Вака граѓаните и пазарџиите ја опишуваат сликата и состојбата во која велат едвај крпат крај со крај.

Додека граѓаните се жалат дека не можат да кренат глава од секојдневните поскапувања, Државниот завод за статистика со нови податоци.

Трошоците за живот во јули на годишно ниво пораснале за три проценти, а инфлацијата за еден месец се зголемила за  0.7 %.

Според ДЗС растот на цените е резултат на зголемувањето на трошоците на животот и тоа во ресторани и хотели за 5.8 %, транспорт за 4.9 % , домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.3 % и алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.1 %.

Намалување на трошоците за живот пак е забележано кај облеката,обувките, безалкохолните пијалаци, мебелот и покуќнината.

Додека ССМ ја пресметува минималната синдикална кошница во која се само најнеопходните продукти и тоа во минимални количини последното сало покажа дека таа се зголемила за 245 денари и сега за четиричлено семејство со свој стан изнесува 60.570 денари додека оние кои изнајмуваат ќе треба да одвојат 75.945 денари.

Минималната плата во Македонија изнесува 22.567 денари што значи дека на четиричлено семејство каде двајцата родители се на минималец ќе им недостасуваат 15 илјади денари за да врзат крај со крај.

Министерката за финансии, пак, со ребалансот на буџетот за оваа година проектира инфлација на 3,5 проценти.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Војната во Украина удри и врз македонската индустрија

Сашо Чавдаров

Операта „Набуко“ проследена со овации од публиката

Дејан Дејан

Вучиќ потпиша: Се враќа задолжителниот воен рок во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе