Вести Спорт

Три милиони денари за освоеното злато на ЕП/Б дивизија – владата со награда за У18 кошаркарите

Владата на денешната седница донесе одлука да ги награди на кошаркарите до 18 години кои освоија злато на европското првенство – Б дивизија со три милиони денари.

Младите кошаркари имаа импресивен настап на турнирот на кој запишаа осум победи во исто толку одиграни натпревари. Во рамки на групата Ц ги совладаа селекциите на Ирска со 73:63 (по продолженија), на БиХ со 99:87, на Чешка со 94:86, на Кипар со 102:61 и на Украина со 83:72.

„Црвено-жолтите“ во четврт-финалето ја елиминираа Португалија со 71:42, во полуфиналето беа подобри од Бугарија со 92:68, а во финалето ја победија и Австрија со 98:88.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Доверба му изгласаа 58 пратеници, за смена се изјаснија 19 – Тошковски ја „преживеа“ и третата интерпелација во собранието

Sasko Dimovski

Дали Јанушев крие фирма во Бугарија – СДСМ бара истрага од Антикорупциска, од Владата велат се работи за инсинуации

Дејан Дејан

Финансиската дупка во ПИОМ нова политичка препирка меѓу власта и опозицијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе