Вести Економија Македонија Најважни

Солун пред Софија: Пругата за Бугарија повторно скапа, министерката за финансии си го преправи ставот

Пругата кон Солун и за Србија ни е попотребна, а не е важно дали ЕУ ќе ги пренамени парите од пругата кон Бугарија или ќе ни овозможи нови средства, министерката за финансии Кочоска се приближи до ставовите на премиерот Мицкоски. Во интервјуто за Македонско радио, Кочоска вели дека целта е да се обезбедат пари за пругата кон Солун, а пренамената на парите од другиот коридор е само една од можностите. Во пракса, врз заемите од Европските фондови речиси никогаш не се врши пренамена туку парите едноставно се повлекуваат.

Откако минатата недела на брифинг со новинари министерката за финансии Гордана Кочоска Димитриеска порача дека не може да се пренаменат, кредитите и помошта која ЕУ и Европската банка го даваат за изградна на железничкиот коридор 8 односно пругата кон Бугарија, таа денеска со ново објаснување кое е многу поблиску до ставот на премиерот Мицкоски, министерот за транспорт Николоски и пратеникот Бране Петрушевски.

Тројката од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека пругата е скапа, а тие пари требало да се пренаменат за пругата кон Солун. Министерката мислеше поинаку за пренамената, а денеска со нова преправка  на ставот- вели дека ако се даваат пари за тоа треба да се помогне и за реконструкција на пругата кон Грција и кон Србија.

-Суштината е да ги добиеме истите услови и средства, како за Коридорот 8, само за друг проект. Крајната цел е да ги обезбедиме истите средства за пругата од Коридорот 10, како за пругата од Коридорот 8. Ирелевантно е на кој начин ќе се изразуваме. За граѓаните е важно и суштински што ќе добијат, односно да добијат проект, проект кој ќе има додадена вредност, да им заштедиме пари, бидејќи другиот проект од Коридорот 8, завршува во ткн. слепа улица, изјави Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии во интервју за Македонско Радио. 

На граѓаните и на компаниите не им е битно дали станува збор за апликација за нов кредит или пренамена на стар кредит, туку им е важно да имаат подобри и поевтини услуги и побрз транспорт на стоки до пристаништето во Солун, смета Кочоска.

Пругата кон Бугарија е дел од Примарната карта на европските  транспортни коридори на Европската Унија, а исто така е дел и од таканаречениот НАТО Коридор за мобилност. Пренамена на парите од ИПА фондовите и европската банка е речиси невозможна мисија и тие средства, стотици милиони евра може да се изгубат доколку не се користат за железничкиот коридор 8.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе