Вести Забава Магазин Спорт

Надал играше против Ѓоковиќ со часовник од 1,2 милиони евра и тежок само 11,5 грама

Шеесетиот меч во кариерата против Новак Ѓоковиќ, шпанскиот тенисер го одигра со часовник на десната рака од 1,2 милиони евра и кој тежи само 11,5 грама.

Неговото долгогодишно пријателство со Ричард Мајл, чиј РМ УП-01 беше најтенкиот часовник во светот во последните две години, резултираше некои од најнапредните часовници видени некогаш. Од 2010 година, кога првпат се приврза за РМ 027 Турбилон, Надал докажа дека тенисот и часовниците може навистина да одат рака под рака.

Најновата креација на РМ (РМ 27-05 Флајинг Турбилон) е најновиот плод на 14-годишната врска на швајцарската фирма со шпанскиот тениски ас и токму со него играше против Ѓоковиќ во второто коло на олимпискиот турнир во Париз.

Рачниот часовник на Надал е со напредни карактеристики – тежи само 11,5 грама, не сметајќи го ремчето, и направен е од нов композит, може да издржи џи-сила до 14.000 и бара 4.000 часови проектантска работа. Во соработка со швајцарската компанија Норт Тин Пли Технолоџи (North Thin Pli Technologi), Ричард Мајл направи куќиште од Карбон ТПТ Б.4, кое е погусто, потврдо и дури за 30 отсто посилно од Карбон ТПТ, напреден материјал направен од повеќе слоеви на јаглеродни влакна.

Овој модел, кој важи за најлесен и најотпорен Турбилон часовник со рачно навивање, е ограничен на 80 парчиња.

Надал со скапиот часовник го одигра мечот од второто коло на олимпискиот турнир против големиот ривал Новак Ѓоковиќ.

Србинот Ѓоковиќ го победи Надал со 2:0 во сетови и ја продолжи битката за олимписко злато, единствениот голем трофеј кој го нема освоено.

Надал пак вќе има олимписко злато, а ова му беше трет пораз од Ѓоковиќ на терените на Ролан Гарос (има 8 победи против истиот ривал).

Од друга страна, Ѓоковиќ во вкупниот скор е подобар и сега води со 31:29 во меѓусебните дуели.

Со 60 досега одиграни меѓусебни мечеви, ривалството меѓу Ѓоковиќ и Надал е најдолготрајно и со најмногу одиграни официјални натпревари на двајца играчи во тениската историја.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина Александар Јовиќ – тажна вест на неколку часа пред првиот настап на Македонија на ракометното СП

Дејан Дејан

Ќе успее ли Жељасков да стане премиер – Радев денеска ќе му врачи мандат за формирање на влада

Дејан Дејан

Исклучена струја во шест региони во Украина – Русија претпладнево изведува масовни удари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе