Вести Економија Најважни

И годинава Македонија со најмал раст, продуктивноста паѓа, а платите растат

Четврта година со ред Македонија со најнизок економски раст во регионот. Светска банка прогнозира во 2024 та да изнесува скромни 2, 5 проценти.  Ова е далеку пониско од владината проекција со која се очекува тој да биде 3, 4 отсто.  Но, земјава се бори и со висок буџетски дефицит еден од подлабоките во регионот. Од банката очекуваат главен двигател на растот да биде градежништвото.

И оваа година  во Северна Македонија очекуваме изградба на автопати и тие би имале голем придонес за растот и оваа би била годината кога би се надевале дека ќе видиме тој придонес да се појави. Такво нешто немаше лани затоа што имаше доцнење на експропријација на Коридорите и се надеваме дека овој проблем ќе биде решен, вели – Сања Маџаревиќ -Шујстер  од Светска банка

Од Светска банка предупредуваат дека растот на платите може да ја подгрее инфлацијата. Но сметат дека за да се ублажи ударот од ценовни шокови, замрзнувањето на цените не се добра опција.

Тоа е краткорочна не е структурна мерка која може да се користи за долг временски период тоа е начин на кој привремено односно вештачки одржувате некој период. И покрај тоа што беше мерка која помогна да се одржи животниот  стандард  на населението во земјава особено во посилниот раст на цените, тоа не е мерка која може да се користи на долг период, вели Јоана Маџоска од  Светска банка

Ниту субвенциите за струја не дале значајни резултати. За банката тоа е трошок,  со кој не се промениле  навиките на луѓето.

Во земјата во која јас живеам имавме зголемување од 20 проценти. Мојата лична сметка за струја сега е за 50 отсто поголема од 2021 година но ние многу внимаваме како ја користиме струјата, таква промена на однесување  не сум видела тука, додава Маџаревиќ Шујстер.

Бидејќи ова е изборна година од банката не очекуваат да има спроведување на реформите кои се важни за евроинтеграциите.

Освен Македонија и Босна и Херцеговина, другите земји во регионот се очекува да имаат раст над 3 проценти, а највисок ќе биде во Косово.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велипеток – најтешкиот ден во годината

Дејан Дејан

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе