Вести Економија Македонија Топ вести

Андоновски: Како што се најде решение со истечени документи да се гласа, да се најде начин како граѓаните да подигнат и пари од банка

Се повеќе граѓани реагираат до Народниот правобранител затоа што не можат да располагаат  со сопствените пари во банка, бидејќи останаа без документи. Старите лична карта и пасош им се истечени, а процесот на вадење нови трае предолго, поради што сметките не им се активни. Од канцеларијата на Народниот правобранител сметаат  дека како што можело експресно да се најде решение  со истечени документи да може да гласаат, така и од ова сега треба да се најде излез. Предупредуваат -ако не се преземе нешто, ситуацијата ќе се искомплицира, а бројот на поплаки ќе само ќе расте. Уште пред неколку месеци прашале што ќе се случува со трансакциските сметки на граѓаните, во овие услови на вадење нови документи.

Граѓаните не се само гласачи. Името и презимето и матичниот број се доживотни и ако се идентификувате со име и презиме или матичен број не би требало да биде проблем, но тоа е веќе нешто што ќе мора НБРМ да го усогласи и да им даде конечен став на банките како треба да работат, вели  Јован Андоновски- Заменик  народен  правобранител

Според, сознанијата од народниот правобранител банките различно постапуваат со личните документи од граѓаните,  унифициран начин на работа немаат.

 Некои  банки прифаќаат документи со името Република Македонија, некој банки пак не ги прифаќаат истите. И имајќи предвид дека издавањето на личните документи  ги надминуваат законските рокови од 15 дена, сметам дека за да не се искомплицира целата состојба, треба да се побрза со изнаоѓање на решение, додава Андоновски

Ги прашавме и во НБРМ дали тие можат да им наложат на комерцијалните банки како да работат за да може да се надмине проблемот.  Од таму одговорија  дека начинот на идентификување на клиентите од страна на банките и штедилниците е регулиран со законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, а за употребата на документи со старото име надлежен е МВР.

 Можноста патните  исправи чии рок на важење содржан во документот не е истечен, а се со старото уставно име на државатада се прифаќаат за внатрешна употреба, надлежно е Министерството за внатрешни работи, како орган надлежен за нивно издавање, се вели во дописот од НБРМ

 

Од Народниот правобранител  пак спасот го гледаат кај НБРМ. За проблемот ќе испратат и официјален допис до нив. Ако има потреба, ќе инсистираат и на средба за заедно да ги разгледаат можните решенија.

До редакцијата на Телма неколку граѓани се обратија  дека поради проблеми со личните документи парите во банка им се заглавени. Ливчето кое го издава  МВР дека се во процес  на вадење нови документи, не поминува на шалтер.

Пред извесно време пак, во Собранието, по скратена постапка и без дискусија поминаа измените во Изборниот законик со кои на избори ќе можат да гласаат и оние граѓани чии документи ја изгубиле важноста 9 месеци пред денот на изборите.

Ирена Чачкова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе