Uncategorized

ДУИ ги претстави носителите на кандидатските листи во сите шест изборни единици

Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ ги презентираше носителите и коносителите на кандидатските листи за претстојните парламентарни избори кои вчера ги доставија до Државната изборна комисија (ДИК). „Европскиот фронт“ ќе ги бара гласовите на граѓаните во сите шест изборни единици што е новитет кога станува збор за ДУИ. Најавија сигурна победа на изборите и освоени над 20 пратенички мандати.

Носител во првата изборна единица е Блерим Беџети, а коносител Илир Асани. Во втората изборна единица носител е Садула Дураку, а коносител коалицискиот партнер Скендер Реџепи – Зејд. Во третата изборна единица носител е Сулејман Баки од Движењето на Турците на Македонија за правда и демократија, а во четвртата Енвер Усеин.

Во петата изборна единица носител е коалицискиот партнер Зијадин Села, а коносител е Муса Џафери. На четвртото место е актуелниот пратеник Исмаил Јахоски. Во шестата изборна единица носител е лидерот на ДУИ, Али Ахмети, а коносител техничкиот премиер Талат Џафери додека Мендух Тачи е на четвртото место.

Адеми нагласи дека нема незадоволство во партијата околу кандидатските листи и фактот што голем број актуелни пратеници не се најдоа на списокот, а коалициските партнери заземаат високи и добитни места.

Од „Европскиот фронт“ порачаа дека се убедени во победата на нивниот кандидат Бујар Османи на претстојните претседателски избори.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нов тарифник за враќање на старите цени или поскапа полиса за авто осигурување – одлуката утре

Дејан Дејан

Сено, најлони под керамиди, дупки во подот, искршени ѕидови – гласачко место и плевна под ист покрив во село Путурус

Дејан Дејан

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд -Временска прогноза за 25.4.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе