Вести Македонија

Приватните специјализанти протестираа за подобри работни услови-од Министерство за здравство ветија исполнување на барањата

Наташа Петровска веќе две години е специјализант на Клиниката за ендокринологија. Таа работи без здравствено осигурување и за ниска плата. Очекува, во блиска иднина, наместо договор на дело да добие постојано вработување, или ќе бара подобри услови надвор од државата.

„Сите ние кои сме останале тука и сме се запишале на приватна специјализација како првично решение сме останале тука со надеж дека ќе се вработиме и ќе можеме да живееме во сопствената држава. Меѓутоа се надевам дека нема да дојде до тој степен да не се решат нашите проблеми и голем дел од колегите да бидат принудени да се иселат бидејќи ќе немаат егзистенција во оваа држава“, изјави д-р Наташа Петровска, специјализант на Клиниката за ендокринологија.

Со исти барања како Петровска на мирен протест пред Министерството за здравство дојдоа и нејзините колеги. Сложни и многубројни младите специјализанти носеа транспарентите во рацете на кои пишуваше „Ние не сакаме да си одиме, вие не бркате“, „Плати скромни, трошоци огромни“. Полни со надеж за подобро утре бараа средба со министерот за здравство Илир Демири. Велат дека поради ниските примања дел од нив се принудени да работат и по две работи.

„Многу често слушаме коментари од јавноста и некои наши постари колеги кои велат дека приватните специјализанти ја бираат сопствената специјализација и поради тоа заслужуваат да се наоѓаат во положбата во која што се. Но, тоа не е воопшто така. Приватните специјализанти не се Приватни специјализанти  по избор туку тоа се млади луѓе од кои голем дел од нив се со висок просек на факултет и тие никогаш не добиле шанса да бидат вработени, иако многупати конкурирале. Приватен специјализант е специјализант којшто има неповолен социјален статус бидејќи нема соодветни врски“, изјави д-р Александра Георгиева, претседателка на Здружението на лекари специјализанти.   

По половина час од протестот беа повикани на средба со претставници од Министерството за здравство, на која добиле ветувања дека нивните проблеми ќе бидат решени.

„Ни беше ветено дека Министерството ќе прати информација до Владата и до ФЗОм да постапуваат согласно веќе донесените одлуки и веќе од наредниот месец да биде корегирана платата на приватните специјализанти, односно да биде на ниво на просечна плата на општ доктор. Ги информиравме и за нашите барања за здравствено осигурување и ноќните дежурства и добивме ветување дека здравственото осигурување веднаш ќе биде воспоставено“, додаде претседателка на Здружението на лекари специјализанти.

Околу нивното најважно барање за вработување добиле ветување дека по завршување на изборите ќе има голем број конкурси.

Сите овие барања ги имаат околу 400 приватни специјализанти кои дадоа ветување дека ќе се борат се до исполнување.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО Кармина Бурана во Софија- Филхармонија заедно со бугарските и грчките колеги изведоа маестрално за стоечки овации

Дејан Дејан

Трамп бара половина од рудното богатство на Украина за да почнат заеднички бизнис-Telegraph објави детали од американската понуда

Дејан Дејан

Украина, но и нормализација на односите меѓу Москва и Вашингтон – Лавров и Ушаков пристигнаа во Ријад

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе