Вести Економија Македонија Топ вести

Шкријељ во „Топ тема“: Просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра се реално остварливи до 2028 година

Граѓаните и натамошно унапредување на животниот стандард е во фокусот на програмата на СДСМ за претстојните парламентарни избори, рече Санела Шкријељ, пратеничка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, во вечерапната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Економскиот тим работеше во таа насока, што е она што може да се презентира пред граѓаните, а да биде, секако, реално остварливо. Ако цениме по она што досега е сработено во делот на платите, економскиот тим покажа дека дава добри прогнози. Растот на минималната плата, растот што се случува во март секоја година, имам нов општ Колективен договор за целиот јавен сектор кој треба да стартува од 1 март во 2025 година кој што значи коефициенти и усогласување со растот на просечната плата. Согласно пресметките на економскиот тим, постигнување на просечна плата од 1.100 евра е реално остварливо и согласно движењата што ги имаме и растот на минималната и просечната плата досега, да завршиме до крајот на наредниот мандат во 2028 година со 600 евра минимална плата“, истакна Шкријељ.

Таа нагласи дека, согласно растот на платите во сите сектори во изминатите години – „и во образование, и во здравство, и во одбрана, само сега имаме зголемување на платите во високото образование за 25 проценти, ние сметаме дека е навистина остварливо да се стигне до оваа бројка на просечна и минимална плата“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Русија распиша потерница по Володимир Зеленск

Дејан Дејан

Власта и опозицијата со пораки за продолжување на аманетот на Гоце Делчев и за гласање на парламентарните избори, на 121- годишнина од смртта на револуционерот

Дејан Дејан

Тројца грабнале скопјанец го тепале и уценувале, меѓу нив и еден полицаец

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе