Вести Економија

Еуросупер БС-98 поскапува за денар и половина, дизелот за денар

Нови цени на горивата од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Еуросупер БС-98 поскапува за денар и половина и ќе се продава за 87 денари за литар.

Дизелот поскапува за еден денар и ќе чини 77 денари за литар, а за денар поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) чија малопродажна цена ќе изнесува 76 денари за литар. За помалку од денар поскапува и Мазутот.

Цената на Еуросупер БС-95 останува непроменета и чини 85 денари за литар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Барањето на Македонија за гаранции за влез во ЕУ е невозможно, став на Мојсовска во Топ Тема

Дејан Дејан

Протестен марш на ДУИ против укинувањето на одлуката за преименување на десетина улици од 2007-ма година

Igor Trajkov

Пораките од Брисел се јасни: без уставни измени, земјата може многу малку да искористи од новите иницијативи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе