Вести Економија Свет

ФЕД годинава ќе ги намалува каматните стапки

По навестувањето на Банката на Федерални резерви на САД дека очекуваат да испорачаат намалувања на каматните стапки годинава, азиските берзански одредници пораснаа, а се зголемија и американските акции до рекордни нивоа.

Претседателот на Банката на федерални резерви Џером Пауел рече дека следниот чекор на ФЕД најверојатно ќе биде намалување на каматните стапки годинава, но дека потребна е сигурна потврда дека инфлацијата се движи кон посакуваната цел од 2%.

ФЕД има многу мал простор за грешка. Прерано намалувањето на стапките ризикува да дозволи инфлацијата повторно да се забрза, но намалувањето предоцна може да доведе до широко распространето губење на работни места и рецесија. Ова сигурно ќе влијае и врз одлуката на Европската централна банка која исто така го користеше механизмот на зголемување на каматните стапки со цел да ја заузда инфлацијата.

Нивното зголемување се одрази и врз македонскиот банкарски сектор кој посегна кон зголемување на каматните стапки на дел од своите продукти во земјава… Соодветно доколку се реализираат најавите на ФЕД тоа би значело дека може да се очекува пад на каматните стапки и кај нас…

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Над 10 загинати Палестинци, меѓу кои се осум се деца – биланс од ноќните израелски воздушни напади во Појасот Газа

Дејан Дејан

Извадоци од негови драми, музика на „Леб и сол“ – различни генерации на роденденот на Горан Стефановски во Дебар Маало

Дејан Дејан

Менаџментот на клиниката да го реши проблемот – ДСИ најави контрола на Токсикологија за поплавата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе