Вести Македонија

Н.У. Музеј на тетовскиот крај: Природно е бистите на народните херои Амбарче и Мерџан да бидат поставени во Меморијалниот музеј на КПМ

Природно е бистите на народните херои Ѓоце Стојчевски-Амбарче и Тодор Циповски-Мерџан да бидат поставени во Меморијалниот музеј на КПМ во Тетово откако цели 19 години Сојузот на борци бараше да бидат вратени во центарот на градот, затоа што незаконски беа отстранети од плоштадот, велат од Музејот на Тетовски крај.

Временото поставување на бистите во дворот на „Куќата на Јовановци“ стана мегдан за препукувања на политичките партии, написи во дел од албанските медиуми, па дури и повод за посета на општински инспектори.

Од Музејот велат дека сите процедури се испочитувани.

„Ние имаме легитимно право да ги поставиме. Ова е Музеј, ова се историски личности, херои кои се бореле и придонеле за нашата слободата. Не се прекршени никакви законски регулативи. Донесена е одлука со Управниот одбор, потпишан е меморандум за соработка со Сојузот на борци. Самиот музеј е објект од прва категорија, споменик на култура, каде надлежност има Министерството за култура и Министерството за транспорт и врски“, изјави Миќо Стојчески, директор на Н.У. Музеј на Тетовски крај.

Барањето на Сојузот на борци за враќање на бистите досега не го исполни ниту една локална власт.

„Бевме ние свесни дека тоа не може да се случи на истото место, меѓутоа сакавме и изработивме проект да се постават кај Споменикот на револуцијата, тоа е најсоодветно место каде што ќе можат да бидат изложени. Меѓутоа тие не одѕваа на нашите повици, на нашите барања, долги години. Се изредија тројца градоначалници“, изјави Стојан Петрушевски, член на Претседателството на ОО „Сојуз на борци“ Тетово.

Од Сојузот на борци и од Музејот потенцираат дека бистите тука се времено поставени за граѓаните непречено да изразуваат почит на народните херои, се додека не добијат дозвола за нивно враќање во центарот на градот.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе