На неодамнешната технолошка конференција Leap 24 во Ријад, Саудиска Арабија дојде до инцидент со хуманоидниот робот по име Мохамед. Тој, за време на презентација, наизглед непримерно допре репортерка која известуваше за настанот. Неговата реакција предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Видеоснимка од моментот набрзо се прошири на социјалните мрежи, прикажувајќи го роботот како ја подигнува раката и, се чини, го допира долниот дел на грбот или задникот на репортерката Равја Касем.
Снимката предизвика бурни реакции, а дел од коментарите на социјалните мрежи беа „Робот заводник“, „И роботите имаат чувства“, „Го програмирале да се лигави“. Имаше и такви кои сметаат дека роботот само сакал да пружи рака, кога репортерката го изговорила неговото име или дека можеби доѓло до дефект или дека репортерката стоела на место кое не било предвидено за интеракција со роботот.
„Ова е човечка грешка, а не грешка на роботот“, гласеше еден од коментарите.
Компанијата QSS Systems, која го креираше роботот, не даде директен коментар, но наведе дека роботот „целосно автономно“ функционирал и оти не бил под директна контрола на човек.
Роботот Мохамед е дизајниран да помага во извршување на задачи во опасни услови и да ја подобри безбедноста на луѓето.