Вести Македонија Најважни

Возачот што го однесе Палчо во Турција излезе од притвор, ќе се брани од слобода

Стефан Димковски, кој е осомничен дека му помогнал на Љупчо Палевски Палчо да избега од земјава излегува од притвор. По предлог на надлежен обвинител во случајот, судија на претходна постапка му определи мерки на претпазливост, односно забрана за напуштање на живеалиште, одземање патна исправа, обврска за јавување во суд и забрана за користење на возачка дозвола.

„Со оглед на кривичното дело за кое е осомничено лицето и запретената затворска казна, максималното законски возможно траење на притворот за овој осомничен е три месеци. По истекот на тој рок, притворската мерка за осомничениот е заменета со соодветни мерки на претпазливост“, соопштија од ОЈО Скопје.

Димковски го превезе Палевски, кој е осомничен за грабнувањето и двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски од Белград до Турција.

Според обвинителството, тој му помогнал на Палевски да не биде откриен за кривичните дела  и му овозможил превоз со автомобил. Димковски по претходна комуникација и договор со Палевски кој се наоѓал во Србија, со возило „Ленд Ровер“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на фирма се упатил кон Белград. Таму се сретнал со Палевски и заедно со возилото се упатиле кон граничен премин со Бугарија, Калотина.

Границата ја поминале на 2 декември, минатата година, па движејќи се низ територијата на Бугарија истиот ден пристигнале на границата со Турција, Капитан Андреево, и влегле во земјата.

Таму биле заедно до 3 декември. Димковски тој ден на Фејсбук сподел и фотографија од Турција. Димковски потоа со возилото преку Грција се упатил кон државава каде беше приведен на граничниот премин Стар Дојран.

Димковски, заедно со останатите осомничени во случајот беше во притвор во Шутка од декември.

Врховниот суд утре ќе одлучува по жалбата за укинување на притворот на Александар Ѓорчевски, таткото на Вања. Ѓорчевски е осомничен дека помагал при грабнувањето на неговата ќерка. Апелациониот суд минатиот месец ја одби жалбата на Ѓорчевски.

Неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ претходно за Телма изјави дека Ѓорчевски пред судот се изјаснил дека не познава никој од осомничените и дека нема доволно докази за кривичното дело за кое се товари. Палевски, според исказите на останатите осомничени, им кажал дека информациите за тоа кога Вања ќе го напушти нејзиниот дом и дека ќе биде сама му ги дал Ѓорчевски. Палевски беше фатен во турскиот град Беликесир и се чека негова екстрадиција во земјава.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена

Дејан Дејан

САД ја запреа испораката на оружје за Израел

Дејан Дејан

Кои имиња ги пополнија собраниските фотелји – анализа на Телма на освоените мандати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе