Вести Економија Топ вести

Државата ќе го обештети Митилинеос ако има војна или вонредна состојба

Државата гарантира дека ќе го обештети инвеститорот во случај идната централа „Митилинеос“ да претпри штета ако има војна или пак вооружен грабеж, но и во случај на некој друг тип на вонредна состојба, револт, немири и востанија.

Ова е наведено во новото, изменето законско решение за грчкиот стратешки инвеститор доставено во Собранието, пишува Фактор.

По бурните реакции поврзани со оваа стратешка инвестиција, која здружението на инженери ја посочи како најштетна од сите договори за стратешки инвестиции, и истакнуваа дека државата повеќе губи отколку што добива, законите беа повлечени, разгледани од Владата и сега се повторно во Собранието пред пратениците.

Инаку, вицепремиерот за економски прашања сега, откако Владата ги повлече, а потоа ги врати во собраниска процедура, е наведен како предлагач на четирите закони.

Претходно, пред да бидат повлечени, предлагач беше министерот за економија Крешник Бектеши од ДУИ, кој меѓувреме изрази резерви за еден од законите.

Според Битиќи, законите биле повлечени за да елиминираат недоумиците во врска со тврдењата дека за нив нема мислења од дел од институциите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Полицијата застрела вооружен средношколец во Висконсин

Дејан Дејан

ЈСП за велигденските празници ќе сообраќа по неделен возен ред

Дејан Дејан

Велики четврток – почнуваат велигденските празнувања

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе