Вести Економија Топ вести

Во еден ден Владата ги повлече, па ги врати стратешките закони во Собранието, кај Митилинеос и Греен Тецх има измени

Прво се повлекоа, но по неколку часа Владата одлучи да ги врати повторно во Собранието сите четири  предлог- закони за стратешките инвестициски проекти.  Тие денеска се најдоа на седница во законодавниот дом. Вицепремиерот Битиќи тврди дека биле повлечени за да се елиминираат нејаснотиите во јавноста во врска со тврдењата дека за предлог -законите нема мислења од одредени институции, иако тврди дека и првиот пат законите биле пратени во Собрание со сите потребни документи.

-Во јавноста меѓу кои и вие како новинари велевте дека нема мислење од Комисијата за заштита на конкурентност, па немало мислење од правобранителство, за да ги елиминирам сите тие недоумици беа повлечени во системот се сите мислења со датуми. Од државното правобранителство е добиено на 23 јануари, 20 дена пред да бидат првично испратени во Собрание, но некои не сакал да ги види или не требало да се видат.  Комисијата за заштита на конкуренцијата  дала на 7 февруари мислење  и тоа не сакал некој да го види, вели вицепремиерот фатмир битиќи

Но, на сајтот на Собрание стои дека предлог- законите за стратешките проекти се примени на 24 јануари, еден ден по добиеното мислење од државното правобранителство, но без мислењето од Комисијата за заштита на конкуренцијата. Битиќи пак располага со други датуми. Тврди дека во собрание биле пратени на 12 ти месецов. Биле направени и измени во самите договори, а во два од законите- за Митилинеос и за Греен Тек се избришани одредени членови за кои Комисијата  за заштита на конкуренцијата имала одредени укажувања.

Во Собрание каде се изгласа потребата овие закони да се донесат  по брза постапка, опозицијата обвини дека брзината со која се сака да се донесат ќе предизвика проблеми.

-Голем дел од овие закони имаат потреба од експерти, од јавна распава немојте да брзате со закони мислејќи дека ќе донесете нешто сега пред избори, нема да ви успее, нема да ви  помине, никола мицевски, вмро дпмне

Претходно и министерот за економија на неколку владини седници бараше повлекување на дел од законите и повторно преговарање со образложение дека добиваат повеќе видови државна помош, нешто што го нема во ниту една земја.

За  стратешките проекти реагираа и дел од експертите, особено за Митилинеос кој треба да ја гради новата централа во Железара.  Станува збор за четири инвеститори кои ќе добијат поволности кои ретко може да ги ужива домашен бизнис. Власите пак уверуваат дека овие проекти се значајни за енергетскиот сектор и ќе помогнат за стабилизација на цените на струјата и парното.

Ирена Чачкова

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе