Uncategorized Вести Македонија

Петрески во „Топ тема“: Мерката за замрзнување на цените беше ефективна

Престануваат да важат гарантираните цени на дел од основните прехранбени производи и намалени царини за зеленчук? Кој е реалниот учинок од антикризните мерки?

Во Топ Тема дебата со Благица Петрески, извршен директор на „Фајненс тинк“ и Горан Ѓорѓиевски – Потпретседател на Сојуз на стопански комори на Македонија.

„Мерката на замрзнување на цените повеќе во апсолутен износ ја искористија побогатите слоеви заради нивната потрошувачка. Меѓутоа, севкупно мерката беше ефективна од аспект на намалување на инфлацијата каде што во август месец веќе ние имавме една алармантна состојба зашто немавме трансмисија на глобалните цени. Во последниве шест месеци целосно намалување, во моментов е 3,2 стапката на инфлација, имаме значајно подобрување иако 3,2 проценти е се уште висока стапка во однос на таргетот од околу 2 проценти. Така што мерката даде свои ефекти“, изјави Петрески.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Грција најави можност за привремено суспендирање на ЕЕС на граничните премини поради големите гужви

Kristina Kuzmanovski

Со посредство на САД можна средба Зеленски-Путин?

Kristina Kuzmanovski

Трамп: Би ми било „чест“ да се сретнам со врховниот лидер на Иран за да се постигне договор

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе