Вести Македонија Најважни

ВМРО-ДПМНЕ со кривична пријава за Спасовски поради хаосот со личните документи

ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава за поранешниот министер за внатрешни Оливер Спасовски бидејќи ги оштетил и граѓаните и буџетот, бидејќи набавувал обрасци за лични документи и ги издавал на граѓаните иако знаел дека нивната важност истекува на 12 февруари годинава.

Според правниот тим во партијата Спасовски ја злоупотребил службената положба и овластувања и несовесно работел во службата.

Ова е втора кривична пријава против Спасовски, откако вчера тоа го стори движењето „ЗНАМ“ предводено од градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски

Во Уставниот суд се пристигнати пет иницијативи поврзани со издавањето на лични документи од граѓани кои сметаат дека им се ускратени правата загарантирани со Устав односно не може да користат документи на кои сеуште се во важност.

Претседателката Добрила Кацарска нагласи дека слободата на движење не е под надлежност на Судот и токму затоа се залагала за воведување на механизмот уставна тужба.

Државениот јавен обвинител Љупчо Коцевски, без прецизен одговор дали Обвинителството ќе отвори предистрага околу издавањето на документи чија важност истече на 12 февруари.

Хаосот и фијаското со личните документи настана бидејќи МВР издаваше пасоши со обрасци со поранешното уставно име на државата „Република Македонија“ по јули 2021 година со важност и до десет години, регистарски таблички без кодот „НМК“ по јануари 2021 иако нивната престанува заклучно со 12 февруари оваа година.

Огнен Чанчаревиќ

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израелска армија: Уште една теренска болница во Газа

Дејан Дејан

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

Дејан Дејан

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе