Вести Економија Македонија Топ вести

Со Митилинеос ќе се преговара одново, денеска на седница ќе се бара повлекување на предлог законот за централата во Железара

Министерот за економија денеска на владина седница ќе бара повлекување на предлог законот за  новата когенеративна централа во Железара која треба да ја гради грчки Митичинеос, а кој е во собраниска процедура, дознава Телма. Според инфорамациите за овој стратешки инвеститор ќе се бара  преговорите да почнат од почетокот. На некоја наредна владина седница пак министерот за економија ќе бара и повлекување на предлог- законот за изградба на централата во Пехчево.

Пред неколку дена од министерството за економија посочија дека   договорите за стратешките инвестиции треба добро да се разгледаат затоа што меѓу нив има инвеститори кој ќе добијат повеќе видови државна помош и дека такво нешто нема во ниту една друга држава. Таков е случајот со грчки Митилинеос, кој освен загарантиран откуп на производството добива и дирекна државна помош од околу 50 милиони евра. Ова е  една од причините проади  што се бара предлогот да биде повлечен и одново да почнат преговори со инвеститорот.

Во однос на стратешките инвестициски проекти реакции имаше и од дел од експертите. Најмногу реакции има токму за грки Митилинеос. Нивните анализи покажале дека инвеститорот ќе се богати на сметка на штетата која ќе ја претрпи државата,  струјата која ќе се купува од Митилинеос ќе биде по цени повисоки од берзанските. Сите стратешки инвеститори добиваат поволности од државата  кои ретко може да ги ужива домашниот бизнис, тука е и ослободувањето од данок на добивка но и од други давачки.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Приколка од товарно возило се преврте на автопатот кон Гевгелија

Sasko Dimovski

Не е здраво, ниту е европски да имате политичар кој со години е на функција – рече министерот за здравство кој може да биде опфатен со владината реконструкција

Дејан Дејан

„Волстрит џурнал“: САД размислуваат за преместување на базите од Персискиот Залив, опција е Израел, сакаат да бидат надвор од дострел на иранските проектили

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе