Вести Македонија Топ вести

Оди на работа во адвокатска канцеларија на синот – Јанева претпладне излегува од „Идризово“, попладне се враќа

Катица Јанева од неодамна почнала со работа. Од „Идризово“ излегува претпладне, се враќа попладне. Работодавач на обвинителката е нејзиниот син Лазар Јанев кој има своја адвокатска канцеларија. Ангажманот го откри и самата преку Фејсбук.

Информацијата за Телма ја потврдија директорот на Управата за извршување на санкции, Јовица Стојановиќ и директорот на „Идризово“, Зоран Јовановски. Тие истакнаа оти шефицата на поранешното Специјално јавно Обвинителство (СЈО) исполнила услови и има А третман, бидејќи Јанева отслужила најголем дел од 7-годишната казна за случајот „Рекет“.

До адвокатскиот ангажман во канцеларијата на нејзиниот син, Јанева работеше во затворската библиотека и имаше можност да користи викенди. Таа беше уапсена како осомничена во „Рекет“ во август во 2019 година за што подоцна доби казна затвор во траење од седум години.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео+фото)Запалени дипломатски возила пред Бугарската амбасада во Скопје- бугарските медиуми го објавија потпалувачот

Mirjana Joveska

Објавена е стихозбирката „Друго е на сонце!“ од Бојана Низамовска со илустрации на Руки Чуки

Mirjana Joveska

Полициските службеници обвинети дека не извршиле проверки на „Пулс“ негираа вина

Mirjana Joveska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе