Најголемата комора во земјава со писмо до премиерот, Собранието и МВР, ќе бара итно да се реши проблемот со издавањето на сообраќајните и возачката дозвола на извозниците. Од утринава 100 тина компании се обратиле до нив. Стравуваат дека поради ваквиот хаос ќе настане тотална блокада да економијата.
-Во државата да продолжи да важат возачките барем во рокот до кога тие важат во локалниот транспорт. Сигурно не можеме да излеземе надвор за обврските кои ги презела државата во меѓународниот сообраќај, вели Антони Пешев, извршен директор на Стопанска комора
Од комората се понудија и да помогнат во обезбедувањето на нови пунктови за сликање и издавање на документи, формирање на приоритетни листи и брза лента. Се понудија дури и да ги испечатат налепниците со ознаката НМК.
-Ако нема налепници се нудиме да ги направиме. Цениме дека не е нужно да се евидентира да се снима како да правиме фалсификат нема да работиме на своја рака, но се нудиме ако е потребно да влеземе во процесот и не треба пари да се даваат, додава Пешев
Се согласуваат дека нивната иницијатива е задоцнета, но никој не претпоставил дека замената на документите ќе предизвика ваков хаос поради кои може да страда економијата. Но ќе бараат и одговорност
-Ќе побарама од службите во утврдувањето на одговорноста во оваа работа, да се утврди и одговорноста кај нас зошто не е сугерирана таква работа и зошто не е известена комората, вели Брнако Азески, претседател на Стопанска комора.
Од странските партнери до сега никој не се обратил до нив за евентуално доцнење на стоките.
Ирена Чачкова