Вести Економија Македонија Топ вести

Ќе се повлече ли предлог- законот за новата централа во Железара, која треба да ја гради грчки Митилинеос?

Министерството за економија  ќе бара повторно да се разгледа  еден од четирите предлог закони за стратешки инвестиции. Се сомневаат во одредени работи и затоа сметаат дека треба одново да се преговара со инвеститорот, а ако има потреба од економија ќе бараат и повлекување на законот од собрание и повторно враќање на доработка во Владата. Од министерството сметаат дека  е спорно лиценцирани, рентабилни и профитабилни инвеститори да добиваат државна помош и тоа не една туку повеќе

Мислиме дека таквите инвестиции кои  веќе имаат еден вид државна помош индиректна било тоа фидинг тарифи или договори за откуп на струја, веќе ја користат државната помош од страна на Владата и  дополнителна државна помош би било спорно од тоа што го добиваме од анализите и не знаеме дали има ваков пример за една инвестиција  да има една или три видови државна помош и многу внимателно  треба да се гледаат тие барања и предлози за стратешките инвеститори, велат од министерството за економија.

Од министерството не откриваат за кој инвеститор станува збор, но со оглед на тоа што споменуваат дека еден стратешки инвеститор ќе добие повеќе видови државна помош, се отвара прашањето дали станува збор за Митилинеос- стратешкиот инвеститор за кој имаше најмногу реакции во јавноста.

Грчката компанија која треба да гради нова когенеративна централа во Железара,  според предлог законот ќе добие поволности од државата, загарантиран откуп на производството, но и државна помош од 50 милиони евра.

Дел од експертите неколку пати повторија дека инвеститорот ќе се збогати на сметка на штетата која ќе ја прерпи државата. Освен Митилинеос тука се уште три стратешки проекти. Станува збор за изградба на централи во Пехчево, Свети Николе, Штип, но и централите на Греен ТЕЦК. Сите тие добиваат доста поволности кои ретко ги ужива домашниот бизнис. Иако, дел до инженерите се обидоа да ги стопираат законите, сепак тие по скратена постапка ќе го поминат собранискиот филтер.

Ирена Чачкова

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЈО спроведе истрага против лице осомничено за трговија со дрога

Дејан Дејан

МВР подготвено за преземање на Палевски од Турција, нема информација кога ќе се реализира екстрадицијата

Дејан Дејан

(ФОТО) Немири на плоштадот во Истанбул се обележје за празникот Први мај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе