Вести Економија Топ вести

Грчки ППЦ кој требаше да го гради Чебрен и чија фирма ќерка се бори за нов Универзален снабдувач на домаќинствата под истрага на Европската комисија

Европската комисија го информирала грчкиот дистрибутер на електрична енергија Јавната електроенергетска корпорација (ППЦ) дека тие ги прекршиле антимонополските регулативи на ЕУ со продавање на елекрична енергија на грчкиот пазар за електирчан енергија под цената на чинење, со што ги исклучила нејзините главни конкуренти.

ППЦ е најголемиот малопродажен снабдувач и снабдувач на големо на електрична енергија, во која грчката држава е важен малцински сопственик. Од 2013 до 2019, ППЦ ги контролирало сите водни и капацитетите на јаглен, како и некои од капацитетите на природен гас и оние на  обвновливи извори на енергија. Била активна и во снабдување на електрична енергија за малопродажба и деловните потрошувачи.

Комисијата е загрижена дека меѓу 2013 и 2019 ППЦ ја злоупотребила доминантната позиција на грчкиот пазар за електрична енергија на големо со обезбедување на електрична енергија произведена од нејзините термоцентрали на јаглен и гас по цена пониска од реалната цена на чинење.

Сонежот е дека ефектите од ваквото наводно однесување на грчкиот пазар на големо за електрична енергија биле дека независните провајдери на електрична енергија биле маргинализирани и одвараќало од инвестирањето во поеколошки изворите на енергија. Ова можело да ги спречи независните диструбутери на електрична енергија од проширување на малопродажно ниво, спречувајќи ги напорите за либерализација на пазарот на мало што беше формално завршен во јули 2013 година. Затоа, однесувањето на ППЦ можеби довело до повисоки цени за грчките потрошувачите, како и до повисоко ниво на емисии на загадување на локално ниво.

Инаку, Грчки ППЦ требаше да го гради  Чебрен, но по Нова Година договор со компанијата пропадна. Исто така,  фирма ќерка на ППЦ која функционира на македонскиот пазар,  ЕДС се јави на повикот за избор на нов Универзален снабдува. ЕДС е познат трговец со струја во државава.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе