Вести Економија Топ вести

Инженерите бараат стопирање на законите за стратешки проекти, РКЕ смета дека ќе ги преполоват сметките за парно

Дел од инженерите со писмо  до пратениците- да се стопира носењето на предлог законите за стратешки инвестиции. Предупредуваат дека ако се донесат ќе се наруши енергетскиот суверенитет на државата. Најголемите критики се за Митилинеос, односно грдањето на когенеративна централа во Скопје.

Во дописот се вели дека со предлог – законот за овој стратешки проект, грчката компанија освен што ќе добие државна помош од 50 милиони евра, има и загарантиран откуп на струјата и тоа без тендер, по цени кои би биле значително повисоки од пазарните.

Пишува и дека земјава ќе се соочи со високи пенали, ако нешто од договoреното не се спроведе и дека инвеститорот ќе се богати на сметка на штетата која ќе ја претрпи државава.

  • Македонија годишно ќе губи помеѓу 15 и 35 милиони евра со тоа што цените за електричната и топлинската енергија со која Договорот не обврзува да ги купуваме од Митилинеос се од 15 % до 35 % повисоки од берзанските. Ќе се  плаќа 10 пати повисока маржа од нормалната за производство на електрична и топлинска енергија бидејќи Митилинеос добива загарантирана маржа на годишно ниво од 43,7 милиони евра за електричната енергија и 4,4 милиони ЕУР за топлинската енергија, или вкупно над 48 милиони евра годишно- Инженери на Р. Македонија поддржани од група граѓани.

Велат дека со слични  штетни последици  за земјава се и останатите три предложени закони за стратешки инвеститори. Тука е оној за Греен Тецк, за Соларен парк Стипион со кој ќе се градат централи на подрачјето на Штип и Свети Николе и оној за изградба на енергетски објект во Пехчево. Сите имаат низа поволности, кои многу ретко може да ги ужива  македонскиот бизнис. Меѓу нив е значително евтин закуп на земјиште, но и можноста за ослободување од данок на добивка и други давачки кон државата.

Но, првиот регулатор Бислимовски смета дека со овие проекти освен што ќе се подобри енергетскиот сектор и состојбата во ЕСМ, ќе се преполоват и сметките за парно што ќе донесе нови приклучоци, а одредени инвеститори ќе понудат и пониски цени на струја.

  • Кога зборуваме за ЕСМ треба јасно и да не се прикриваме дека е во лоша состојба. Струјата од овие инвестиции ќе и се даде на ЕСМ и ќе се зголеми портфолиото на компанијата.  Она што можам да го видам од законите е дека цената на топлинската енергија ќе се намали за најмалку 50 проценти, што ќе овозможи да се приклучат и нови потрошувачи и ЕСМ на тој начин ќе може да ги намали обврските кон Универзалниот снабдувач. Не можеме работата да ја гледаме еднострано, вели Марко Бислимовски- претседател на РКЕ.

Четирите закони за стратешки инвестициски проекти се во собраниска процедура. На 7  февруари се ставени и на седница.

Ирена Чачкова

Инженери на Република Македонија со допис до пратениците- да не се даваат поддршка на неколку штетни предлог-закони

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Герасимовски: Дебар Маало го прослави роденденот на најпознатиот центарец Горан Стефановски

Дејан Дејан

Ахмети: Куќа не се одржува со кредити, ние си обезбедуваме леб со работа, тие што така мислат го видоа резултатот на 24 април

Дејан Дејан

Битиќи: Резултатот е 0:0, сè уште нема победник и поразен, одлуката ќе падне на 8 мај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе