Фадил Цана, директорот на Клиниката за инфективни болести денеска информираше дека во Македонија има еден потврден случај на „Денга треска“.
Станува збор за 42-годишен маж од Бангладеш кој допатувал во Македониа на работа.
Случајот е потврден врз основа на лабораториски наоди направени на Инфективната клиника во Скопје и во Институт за jaвно здравје.
Заболениот е хоспитализиран на Инфективна клиника и е во стабилна состоба.
Здравствените власти уверуваат дека во моментов не постои ризик за ширене на болеста, бидејќи се пренесува исклучиво од убод на комарец.
