Вести Македонија Топ вести

СДСМ: Две години Тошковски на чело на МВР – Распад на безбедносниот систем, партизација и заштита на криминалци

Две години на Тошковски во МВР донесоа целосен распад на безбедносниот систем, скандали, партизација на полицијата, неказнивост и заштита на криминалци. Тошковски ветуваше правда, велеше „брат да ми е, ќе одговара“ ама денеска никој не одговара. Криминалот и корупцијата цветаат во изминатите 2 години, велат од опозициската СДСМ..

Нема одговорност за ниту еден криминален тендер, нема одговорност ниту за петте тони дрога кои поминаа преку македонската граница. А поминаа 6 месеци.

Според СДСМ во изминатите две години сведочевме на серија трагедии, убиства, вооружени пресметки, семејно и врсничко насилство, раст на трговијата со дрога и сериозно нарушена безбедност во државата. Особено трагичен белег останува трагедијата во Кочани, во која згаснаа 63 човечки животи пред се млади. Наместо целосно расветлување и преземање одговорност, јавноста виде обиди за префрлање на вината и заштита на актуелни функционери.

Наместо професионален систем, Тошковски создаде партиска полиција во која искусни професионалци се деградираат, а подобни кадри се наградуваат. Превенција нема. Одговорност нема.

Во Скопје беа убиени млада жена и дете и покрај повеќе од десет претходни пријави. МВР на Пенче било слепо и глуво. Во Велес жена лично му пријавувала на министерот. Исто во Велес беа убиени жена и нејзиниот татко. Во Старо Нагоричане сериски убиец со години убивал жени пред институциите да реагираат, соопшти опозицијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски со отчет: Македонија има најниско ниво на криминалитет во последните 20 години, сузбиени над 30 организирани криминални групи

Дејан Дејан

„Поетски портрет“ и „Поетско кафе“ со добитничката на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата, Анеке Брасинга

Дејан Дејан

Посебни термини и посебни цени за мажите и за жените на базенот во Тетово – невладините бараат еднаков пристап до јавните услуги и недискриминација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе