Вести Македонија

Инженери на Република Македонија со допис до пратениците- да не се даваат поддршка на неколку штетни предлог-закони

Дел од инжеnерите во земјава со писмо до пратениицте. Бараат да не се даде поддршка  за некои штетни закони со кои ако поминат во собраниеот ќе се наруши енергетскиот суверенитет на земјава…  Писмото е пратено до секој пратеник поединечно.

Со предлог законот за реализација на стратешкиот инвестиционен проект  Милитинеос, односно нова когенеративна централа во Скопје ако се дозволи да помине, грчкиот инвеститор ќе добие државна помош од 50  милиони евра, гарантиран откуп на струја без процес на јавна набавка.

Поради тоа земјава ќе губи годишно до 15 до 35 милиони евра затоа што ќе бидеме обврзани струјата да ја купуваме од Милитинеос со цени кои би биле  значително повисоки од берзанските.

Во дописот сто и дека, земјава ќе плаќа и 10 пати повисоки маржиод нормалните за производство на струја и топлина… Исто така се наведува и дека предвидени се и бројни пенали што земјава ќе мора да му ги плаќа на Милитинеос ако не исполни некоја од своите обврски.

Во писмото се наведува дека штетите се огромни некој од нив ќе бидат долгорочни. Но  Милитинеос не е единствениот стратешки проект.

Тука е и  Греен ТЕК , Солар пар Стипин кои ќе градат  централа на подрачјето Свети Николе Штип, а последниот е централата која е предвидено да се реализира  во Пехчево. Сите овие стратешки инвеститори се со низа поволности.  Загарантиран откуп на цена,  без тендер, без избор на најниска цена, земја за малку пари, и можност за ослободување од низа давачки кон државата.

Во продолжение во целост ви го пренесуваме дописот испратен до пратениците:

Предлог Законот за реализација на стратешкиот инвестиционен проект МИТИЛИНЕОС когенеративна постројка Скопје, по скратена постапка

За овој Закон подетално ќе Ви ги изложиме нашите ставови, но со слични многу штетни последици за иднината на Македонија се и останатите три предложени Закони за стратешки инвеститори:

  • Предлог на Закон за реализација на Стратешкиот инвестиционен проект „Соларен парк Стипион“ и Договор за стратешки инвестиционен проект „Соларен парк Стипион“, по скратена постапка,
  • Предлог на Закон за реализација на стратешкиот инвестиционен проект АИМ ГРЕЕН ТЕЦХ, по скратена постапка и
  • Предлог на Закон за реализација на стратешкиот инвестиционен проект соларна електрична централа – Пехчево, по скратена постапка

Свесни сме и сигурни дека енергетските проекти можеме и мораме да ги реализираме со сопствени сили. Тие мораат да бидат наши македонски, со цел да се зајакне енергетскиот суверенитет на Македонија, како еден од клучните фактори за нејзиниот државен суверенитет.

Договорите кои се составен дел од овие четири предлог Закони се штетни по нашата економија и ќе предизвикаат финансиски колапс на Македонија.

Со многу помали ризици и со многу поекономичен приод истите проекти може нашата држава самостојно да ги реализира.

Го анализиравме Законот и Договорот кој ќе Ви бидат дадени на усвојување и во продолжение ќе Ве запознаеме со штетите што би ги предизвикале Законот и Договорот за Митилинеос:

  1. Гасна когенеративна електрана со електрична моќност од 165 MW чини околу 180 милиони евра (според сегашните пазарни цени), а во предлог Законот е истакнат износ од 290 милиони евра.
  2. Македонија зема обврска да му даден државна помош на Митилинеос од скоро 50 милиони евра.
  3. За потребите на Митилинеос Владата зема обврска да изгради индустриска зона „Енергија Скопје“ во кругот на Железарница Скопје на плацови што имаат површини од 115.000 m2, а чија вредност на чинење на самите плацови и инфраструктурно уредување за потребите на зоната (пристапни патишта, одводна мрежа за отпадни води, трансформатор, цевководи…., според наша проценка, изнесува околу 20 милиони евра), а кои на стратешкиот инвеститор му се изнајмуваат за симболична цена од само 10 денари/m2, при што Македонија се обврзува да врши одржување и обезбедување на индустриската зона.
  4. Македонија, а не Митилинеос, после 2030 година ќе има обврска да плаќа околу 25 милиони евра годишно давачка за емисија на СО2.
  5. Се обврзуваме дури и ако немаме потреба, на Митилинеос да му платиме за преземање на околу 1.000 MWh електрична енергија и 275 MWh топлинска енергија.
  6. Македонија годишно ќе губи помеѓу 15 и 35 милиони евра со тоа што цените за електричната и топлинската енергија со која Договорот не обврзува да ги купуваме од Митилинеос се од 15 % до 35 % повисоки од берзанските.
  7. Македонија ќе плаќа 10 пати повисока маржа од нормалната за производство на електрична и топлинска енергија бидејќи Митилинеос добива загарантирана маржа на годишно ниво од 43,7 милиони евра за електричната енергија (38 ЕУР/MWh) и 4,4 милиони ЕУР за топлинската енергија (16,2 ЕУР/MWh), или вкупно над 48 милиони евра годишно.
  8. Македонија ќе му плаќа на Митилинеос 4 милиони евра годишно за старт на постројката.
  9. Митилинеос добива загарантиран профит од над 40 милиони евра годишно без да има никаков ризик од одлуките на нашиот правен систем, бидејќи со предложениот Закон сите одлуки на Врховниот суд ќе бидат неважечки за Митилинеос, а штетите од неговото работење ќе мора да ги плати Македонија. Законот за јавни набавки не важи за Митилинеос и во целост се исклучува влијанието на нашата судска власт и надлежност се дава само на Арбитражниот суд во Париз за било каков евентуален спор.
  10. Предвидени се бројни пенали што Македонија ќе треба да му ги плаќа на Митилинеос ако не исполни некоја своја обврска од предложениот Закон за стратешка инвестиција.
  11. Митилинеос ќе има чист профит од најмалку 1,2 милијарди евра за 30 години колку што трае договорот за стратешко партнерство, а по 30 години не мора да и ја врати електраната на Македонија.

Постојат одлуки за кои последиците се краткорочни, но постојат и одлуки каде последиците се долготрајни и ги засегаат нашите поколенија. Набројаните штетни одредби се загрижувачки за енергетиката во Македонија која е столб на социјалната сигурност на населението и предуслов за развој на македонската економија.

Затоа со овој допис Ви се обраќаме со искрена надеж дека Вашата совесност, чесност и грижа за Вашите и нашите поколенија ќе влијае да донесете вистинска одлука за Предлог Законот за реализација на стратешкиот инвестиционен проект МИТИЛИНЕОС когенеративна постројка Скопје, по скратена постапка, и останатите три предложени Закони за стратешки инвеститори, ОДНОСНО ДА НЕ ГИ ПОДДРЖИТЕ ОВИЕ ЗАКОНИ.

Инженери на Република Македонија поддржани и од група граѓани

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Педесет милиони евра финансиска помош за Македонија од Европската комисија

Дејан Дејан

Во Иран се избира нов парламентарен состав

Дејан Дејан

В недела инаугурација на Силјановска, до 28 мај конституција на новиот парламентарен состав – техничка влада до избор на новата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе