Кошарка Спорт

Леброн ја прекина победничката низа на Њујорк, Кари постигна 60 поени, но Голден Стејт загуби (ВИДЕО)

Лос Анџелес лејкерс славеа во „Медисон Сквер Гарден“ со 113-105 за да ја прекинат победничката низа од девет натпревари на Њујорк. Леброн Џејмс ги предводеше Лејкерс со 24 поени, додека Остин Ривс имаше 22. Џејлен Брансон најмногу се истакна кај Никс со 36 поени.

Стеф Кари постигна 60 поени, но тоа не беше доволно за Голден Стејт, кој загуби со 141-134 на гостувањето кај Атланта по едно продолжение. Тре Јанг беше најдобар кај Хоукс со 35 поени.

Далас загуби од Милвоки со 117-129 пред своите гледачи. Јанис Адетокумпо имаше 48 поени и 10 асистенции за Бакс, а голема помош имаше и од Демијан Лилард со 30 поени. Кај Маверикс очекувано најдобар беше Лука Дончиќ со 40 поени, 11 асистенции, а му недостигаше еден скок за да запише трипл-дабл.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Филаделфија – Бруклин 121-136
Чикаго – Сакраменто 115-123
Сан Антонио – Кливленд 101-117

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Арсенал го продава Габриел Жесус, прави место за ѕвезда од Серија А

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе