Кошарка Спорт

Нов маестрален трипл-дабл на Јокиќ: Србинот се доближува до Меџик Џонсон (ВИДЕО)

Никола Јокиќ го водеше Денвер до победа од 120-108 против Портланд во рамки на НБА-лигата. Српскиот центар со 27 поени, 22 скока и 12 асистенции стигна до 15-тиот трипл-дабл сезонава или вкупно 120-тиот во кариерата. Сериозно се доближува до Меџик Џонсон, кој е на третото место на вечната листа во НБА за најмногу трипл-дабл натпревари со 138.

Лос Анџелес клиперс немаше проблеми против Детроит и славеше со 136-125, благодарение на 33-те поени на Каваи Ленард. Атланта го совлада Феникс со 129-120, а Тре Јанг ги водеше Хоукс со 32 поени и 15 асистенции. Кевин Дурент за Санс имаше 35 поени.

Голден Стејт му го нанесе четвртиот пораз во низа на Мемфис и тоа со 121-101 на гостински паркет. Џонатан Куминга со 29 поени беше најефикасен кај Ворирос, а Стеф Кари имаше 22 поени.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ:
Вашингтон – Мајами 102-110
Индијана – Сакраменто 122-133
Хјустон – Торонто 135-106
Минесота – Орландо 106-108
Оклахома – Шарлот 126-106
Сан Антонио – Њу Орлеанс 113-114

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе