Спорт Фудбал

Луис Енрике е прв фаворит да го наследи Чави на клупата на Барселона

Чави Ернандез по синоќешниот пораз на Барселона од Вилјареал на домашен терен од 3-5 објави дека ќе ја напушти клупата по завршувањето на актуелната сезона. „На 30 јуни повеќе нема да бидам тренер на Барселона“, рече легендарниот шпански фудбалер.

Тренерот, кој лани ги водеше Каталонците до шампионската титула во Ла Лига го почувствува притисокот на лошите резултати оваа сезона и реши да замине. Во септември 2023 година тој потпиша и продолжување на договорот на уште една година до јуни 2025-та.

Сепак, Чави рече дека неговиот договор нема да биде пречка да си замине со што најави дека нема да бара обештетувањето за предвремениот раскин. Следната сезона најверојатно ќе паузира пред да се врати на тренерската работа.

Веќе на големо се шпекулира за неговиот наследник на клупата. Иако имаше првични информации дека тоа може да биде Јирген Клоп, кој исто така заминува од Ливерпул на крајот од актуелната сезона, сепак главен фаворит, според каталонските медиуми, е Луис Енрике од ПСЖ.

Енрике беше тренер на Барселона од 2014 до 2017 година и со тимот освои две титули во Ла Лига и една во Лигата на шампиони.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

МЗТ е далеку од елитната АБА-лига: Доживеа дебакл во Суботица

Desk

ФОТО галерија: Шкендија славеше на Чаир, еден ривал помалку во трката за титулата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе