Кошарка Спорт

Џејмс подобар од Кари: Лејкерс и Голден Стејт одиграа меч со две продолженија (ВИДЕО)

Во најинтересниот дуел утринава во НБА-лигата, Лос Анџелес лејкерс по две продолженија го совладаа тимот на Голден Стејт со 145-144. Натпреварот беше потсетување на епските пресметки помеѓу Леброн Џејмс и Стеф Кари. Овој пат Џејмс беше победникот, кој во самиот финиш погоди две слободни фрлања за победа и да го заокружи својот трипл-дабл со 36 поени, 20 скока и 12 асистенции. Стеф Кари за Вориорс имаше 46 поени.

Лука Дончиќ го запиша деветиот трипл-дабл сезонава со 28 поени, 10 скока и 17 асистенции, но Далас загуби на домашен паркет од Сакраменто со 115-120.

Лос Анџелес клиперс стигнаа до петтата победа по ред откако на Бостон му го нанесоа само вториот сезонски пораз на домашен паркет и тоа со 115-96. Каваи Ленард имаше 26 поени за гостите, додека Џејсон Тејтум постигна 21 за Селтикс.

Никола Јокиќ со 26 поени и 16 скока го водеше Денвер до победа од 111-105 против Филаделфија, во дербито на дното Вашингтон како гостин беше подобар од Детроит, Њујорк пред своите гледачи го победи Мајами. Победи остварија и Бруклин, Јута, Милвоки и Сан Антонио,

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе