Вести Македонија

Почина поранешниот градоначалник на Битола и бизнисмен Силјан Мицевски

На 78 годишна возраст почина Силјан Мицевски, поранешен градоначалник на Битола, српски почесен конзул и основач и поранешен претседател на Ракометниот клуб „Пелистер“.

Мицевски беше познатиот битолски стопанственик кој за градоначалник на Битола беше избран во 1996 година на непосредни избори како кандидат од редовите на СДСМ.

Беше и хуманист, па помагаше голем број активности на битолчани кои даваа придонес за развојот на градот.

Добитник е на бројни награди и признанија, меѓу кои наградата „4-ти Ноември“ во 1979 година, наградата „Интернационална ѕвезда – златна категорија“ доделена во Париз 2003 г., престижното признание „Личност на Југоисточна Европа“ за 2016 година кое му беше врачено на Универзитетот „Хумболт“ во Берлин, а во 2016 година му беше доделено државното знаме на Република Србија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе