Вести Македонија Топ вести

(видео) Љупчо Георгивески во Топ Тема за Палевски: Во моментот кога вие еден криминалец го правите соработник и му давате се повеќе работи, вие не знаете дали началникот на УДБА е поглавен или криминалецот

Југославија во многу кругови се идеализира ако 90% ги прашате тие ќе ви речат дека тогаш најдобро се живеело во таа Југославија се произведувала и се продавала дрога, „Јасен“ било едно од местата, се шверцувале цигари, се обучувале терористи. Ова го кажувам да за ви кажам кој беше еден од моментите за фаќање на пропадници на УДБА и КОС. Се плашам дека тој систем продолжува, вели Љупчо Георгиевски од ВМРО – Народна партија во вечерашната Топ Тема.

Според него една голема структура на соработници се земени од криминалците, финансиски, банкарски па и од улицата. Не мислам дека тоа е стандардот на ЕУ.

„Случајот на Лупчо Палевски покажува дека тоа фунционира. Тој само повеќе се засилува и него го профилираме, можеби има злоупотребено 50 – 100 деца направено наркомани по улиците, а некој од МВР стоел позади него. Сите луѓе се од Агенција на разузнавање и Државна безбедност. Палевски има шест кривични дела кои не се процесуирани (нелегален пиштол, ископ на злато, семејно насилство) Да се направи комисија и да видиме од 1990 година колку бил заштитен. Дивоградбата која ние сме ја рушеле 1,5 милион евра отштета му била платена. Нека се провери кој е судијата. Да ја видиме неговата кариера“, предлага Георгиевски.

На прашањето дека пријателството на Палевски со Зоран Верушевски е симптоматично, бидејќи тој е советник во владата и коалиционен колега, но она што се поврзува со него е аферата за масовно прислушување, бомби имаше и поседуваше Палевски, а се вршеа и претреси во неговиот дом, Георгиевски одговори дека врската меѓу Палевски и Верушевски не се криеше, но зошто го дозволува владата не е јасно.

Драган Стојановски Млекце го спомнувам, сите овие работи ги дознавам по падот на мојата влада од луѓе кои во тоа време не ми кажале. Малку знаат дека тој беше поим на КОС за Македонија. Тој беше човекот кој го организираше „Сина птица“ за разбивање на ВМРО – ДПМНЕ, дека тој бил на хонорарен список кај Палевски. Во моментот кога вие еден криминалец го правите соработник и му давате се повеќе и повеќе работи и вие не знаете дали началникот на УДБА е поглавен или криминалецот. Таков беше случајот со Аркан, со Бели Вук. Тоа е тој преломен момент кај Љупчо Палевски Палчо, кога во одреден момент тој станува поголем шеф од оној кој претходно му бил шеф“, рече Гоергиевски.

Тој објасни дека човекот кој му ги кажувал тие извори бил сведок на ваква ситуација: „Седиме со Љупчо Палевски, Драган Стојмановски Млекце довчерашен шеф на КОС и човек од кој се тресе цела Македонија го чека пола саат во ходник и Љупчо Палевски доаѓа и му вика оди да ни купиш јадење“.

„Тоа е тој момент кога началникот е под криминалецот. Кога вие ќе му дадете многу сила“, рече Георгиевски.

Еве што одговори поранешниот премиер Георгиевски на прашањето што извршувал Палевски и кои дела го направиле толку моќен и во полицијата и во политиката, од каде неговата моќ да шири пропаганда?

„Кога ќе ме прашаат за реформите, за прислушкувањето, за шпионите истото прашање му го поставив на и Павле Трајанов и на Доста Димовска: Што е со досиејата? И двајцата ми рекоа дека се уништени. Лустрацијата што подоцна ја организираше ВМРО – ДПНМНЕ беше строго наменски, а не системски, но испадна дека не се уништени ниту запалени. Одеднаш испадна дека ниту Павле Трајанов, ниту Доста Димовска се нафатија со вистинска реформа на тој систем, вели Георгиевски.

  • Факт е дека секој од овие луѓе на списокот верувал дека тој систем треба да се одржи, систем на доушници?

„Да но во чија функција и не само доушници тука има и оперативци и многу фактори во целата таа структура. Едната работа која ја кажувам е дека Димовска не направи ништо за расчистувањето на тој систем кој јас го нарекувам длабок југословенски систем , и второ три работи за кои јас подоцна дознавам. Тоа е комуникацијата со Лазе Китановски, па испадна дека таа многу добро се знае со Драган Стојменовски Млекце и третиот е токму Љупчо Палевски Палчо. Што е тоа што Лупчо Палевски до правен за Драган Стојмановски, за Добри Величковски, за Доста Димовска, за Лазе Китановски, за Зоран Верушевски. Во време кога јас бев премиер, Лупчо Палевски Палчо беше главен на градската организација за Скопје на СДСМ. Во СДСМ тоа беше многу вискоа позиција. Што е тоа што го прави Палевски посакуван за тие служби, јас не можам да одгатнам. Затоа Македонија треба да направи комисија и да направи анализа на биографијата на тој човек“, потенцираше Георгиевски во Топ Тема.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе