Спорт Фудбал

Менаџерите на фудбалерите со рекорден приход во 2023 година

ФИФА во анализата направена за трансфер периодите во 2023 година објави дека на менаџерите на фудбалерите во овој период им е исплатена рекордна сума од 888,1 милиони долари.

Оваа сума е за 42,5 проценти поголема во однос на минатата година, а е за една третина повисока од приходот во предпандемиската 2019.

Најголем дел од овие пари или 280 милиони ги исплатиле клубовите од Премиер лигата додека екипите од Саудиска Арабија на менаџерските провизии платиле 86 милиони долари.

Во Европа веднаш зад елитното друштво во Англија е италијанската Серија А со 115 милиони, а трета е Бундес лигата во Германија со 89 милиони долари.

Во извештајот се потенцира дека оваа бројка е поголема бидејќи во анализата се опфатени само трансферите на клубови од различни земји, а не се пресметани провизиите што се исплатени меѓу клубовите во иста држава.

ФИФА се обиде да ја ограничи заработката на менаџерите, но правилникот е оспорен пред судовите во Англија и Германија, кои донесоа одлуки во полза на луѓето кои ги застапуваат фудбалерите.

Единствен кој даде поддршка за предлозите на Светската фудбалска асоцијација е Судот за спортска арбитража во Лозана.

ФИФА објави дека за прв пат оваа година надмината е границата од еден милион евра за посредување при трансферите на фудбалерките.

За рекордните 125 трансфери клубовите исплатиле сума од 1,4 милиони долари.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе